Категории

„Принцот Хари страдаше многу, тој не живееше нормален живот“ – Најдобриот пријател ја сподели тајната за напуштањето на кралското семејство

Принцот не живеел нормален и мирен живот како што сите мислеа

Меган Маркл и принцот Хари се повлекоа од кралскиот живот поради притисокот од медиумите, но сега кога се појавуаат се поретко во јавноста, радозналоста на нивните обожаватели продолжува да расте.

Странските медиуми упорно се обидуваат да откријат што се случува во нивниот живот преку нивните најблиски, а овој пат се огласи еден од најдобрите пријатели на принцот Хари – Начо Фигерас кој прокоментира за нивната одлука и што се случува позади вратите на кралската палата.

Како што сподели со медиумите, принцот и Меган преживеале доста тешки мигови.
Начо се појави во посебна емисија на телевизијата АБЦ посветена на кралскиот пар и одлучи да ја сподели вистината.

„Доста разговарав со Хари. Тој страдаше многу поради нештата кои се случија. Сака да живее нормален живот колку што е тоа возможно во неговиот случај. Кога во вашата куќа имате илјадници папараци кои чекаат барем една фотографија од вашиот син со сопругата – тоа и не е баш најнормален и најмирен живот“, започна Фигерас.

Тој рече дека Хари го напушти кралското семејство бидејќи сака да го заштити своето семејство.

„Го штити семејството, сопругата и синот. Тој е син на некој кој од прва рака знае како е тоа кога папараците и медиумите ве прогонуваат, како што тоа беше и со неговата мајка, принцезата Дијана. Тој не сака неговото семејство да поминува низ истото“, додаде Фигерас.

Непосредно после напуштањето на кралското семејство и преселувањето во Канада, некои папараци фотографии се појавија во јавноста, но Меган и Хари и понатаму се обидуваат да се движат што по внимателно во новиот „роден град“.

Прегледи:
460
Објавено на:
15.02.2020