Категории

ЈОСИФ ОД УРБАН РЕКОРДС СО НОВА ПЕСНА И СПОТ

По пауза од скоро половина година, пејачот Јосиф од Урбан Рекордс со нова песна и спот. Последен негов проект беше соработката со Два Бона за летниот хит “Колку ти треба”, а познат е и по соработката со популарниот српски артист Михајло Веурович -VOYAGE со песната “Трапстарз”.

Дваесет и две годишниот Јосиф Ристовски кој свири на пијано, а приватно студира архитектура на Американ Колеџ, го промовираше спотот за песната “Само уште ноќва”. Трап нумера на која како автор на музиката и текстот се подпишува самиот Јосиф, во продукција на Saintlucabeats, микс и мастер на Ивајо, додека пак спотот го изработи Томислав Живковиќ. Јосиф во него се појавува со две згодни девојки, моделите Ангела Грамосли и Бојана Секуловска. Се снимаше на повеќе локации, од скопски улици до станови со девојки. Спотот е биланс од скопскиот ноќен живот, полн со адреналин и исполнет со девојка која е безчуствителна и незнае што сака..

На која девојка и порачува: “Само уште ноќва, дека утре нема да те знам, покажи што знаеш”, ќе видите од видеото во продолжение…

Прегледи:
897
Објавено на:
14.02.2020