Категории

Знаците на Универзумот се насекаде околу вас: Еве како можете да ги протолкувате

Како да ги протолкувате знаците што Универзумот ви ги испраќа секој ден – многу од нив можат да решат големи проблеми …

Многумина од нас знаат да ги толкуваат сообраќајните знаци, патоказите и знаците за предупредување и известување – но што е со оние помалку видливите, но многу важни знаци на кои честопати многу малку внимание обрнуваме.

Сè што се случува околу нас преставува систем на одредени знаци и симболи. Нешто е видливо за нашето око, а нешто е скриено и бара подобар фокус.

Кога имате проблем што изгледа нерешлив, важно е да го насочите вашето внимание на различните знаци. Секој знак носи специфична порака и таа порака може да биде од големо значење за нашата сегашна состојба.

На пример, во автобус, слушате разговор помеѓу непознати патници и одеднаш го слушате одговорот на вашето внатрешно прашање. Или на радио се емитува емисија на тема за којашто во моментот размислувате.

Исто така, ако нешто негативно ви се случи откако сте разговарале со личност на која не и верувате – можно е таа личност да нема многу добри намери спрема вас.

Римјаните имале обичај доколку наутро се сопнат на прагот да не го напуштаат својот дом цел ден. Тоа за нив бил важен знак дека постои ризик нешто да тргне наопаку, дека нивното тело таа ден ќе ја откаже послушноста и дека нема да имаат сила и мудрост да се справат со проблемите.

Понекогаш, за да разберете што треба да направите, едноставно треба да се фокусирате на решавање на проблемот, а одговорите ќе дојдат во вистинско време преку различни знаци.

Многу е важно да не се фокусирате на негативните ситуации – ако негативно ја гледате целата ситуација, постои ризик исходот навистина да биде негативен. Ако имате позитивен и оптимистички став, верувајте дека сè ќе биде во совршен ред.

Сè се заснова на вашето внимание, начинот на кој го гледате светот и дали внимавате на малите нешта кои што можат да ви соопштат нешто многу важно и да ве насочат кон вистинскиот избор.

Лоши знаци не постојат, постојат само знаци за предупредување. Добрите знаци велат дека сме подготвени да го решиме проблемот.

Активирајте ја вашата потсвест, обрнете внимание на сè што гледате, читате, слушате или чувствувате – насекаде се запишани важни сигнали што ги испраќа универзумот до нас.

Кога ќе почнете да ги забележувате и толкувате, моќта на добри одлуки, избори и исходи ќе биде само во ваши раце.

Животот е добра книга што треба да ја читате со отворено срце и со добро расположение – дури тогаш ќе ја прочитате и ќе ја разберете на вистински начин …

Прегледи:
445
Објавено на:
14.02.2020