Некои граници мора да постојат. За сите околу вас да бидат среќни, прво мора да бидете вие
Дали знаете како изгледа животот на една личност која се стреми постојано да им удоволува на другите и прави сите да се чувствуваат добро? Личност која е неспособна да одбие да им помага на другите и секогаш е тука за сите?
Таквата личност на крајот е исцрпена, незадоволна и на добар пат кон депресија и анкциозност, тврдат психолозите. Да се биде премногу добар не е ни малку добро за вашето здравје.
Кога блиските луѓе ќе се навикнат дека сте тука секогаш за нив во секое време, тие ќе започнат да бараат премногу и ќе очекуваат и невозможни работи, така што ќе ја црпат целата ваша енергија. Некои граници мора да постојат за сè во животот, дури и во тоа колку да бидете добри кон другите луѓе.
Ако се пронајдете во овој опис, време е да научите да кажете НЕ. Запомнете дека немате обврска да им удоволувате на сите.
Премногу љубезните и добрите луѓе на крајот ги оставаат сите свои желби настрана и никогаш не ги исполнуваат своите амбиции и цели до крај. Нивните интереси страдаат за доброто на другите луѓе.
Сосема е во ред да им помогнете на другите, но не и кога тоа оди на ваша штета. Ако не сте добри кон себе, нема да бидете и за другите, тврдат психолозите.
Кога многу работи правите за другите, завршува со тоа што луѓето не го ценат вашиот напор, туку тој се подразбира. „Не навикнувајте ја вашата околина дека можете да постигнете сè, бидејќи тие секогаш ќе очекуваат уште повеќе од вас“, тврди психологот Михалков во едно интервју.
Ова правило може да се примени во сите сфери на животот, во деловното опкружување и во семејните односи.
Животот е еден, живејте го според ваши правила, така како што вас ви одговара.