Категории

Тие ги издолжуваат нозете и изгледаат совршено: Овие панталони се вистински пролетен хит! (ФОТО)

Дури ни познатите дами не можеа да му одолеат на овој тренд

Звонарките беа актуелни минатата пролет, а така ќе биде и оваа сезона.

Панталони кои го исполнуваат сонот на секоја жена и ги прават нејзините нозе да изгледаат витко. Звонарките се се што е потребно за една дама од стил.

Тие можат да се носат на безброј начини и во повеќе прилики. Со обична бела маица и кожна јакна ќе биде одлична комбинација за одење во кино или на кафе со пријателите, додека од друга страна, доколку ги комбинирате со кошула и сако, тоа ќе биде одлична деловна комбинација.

 

Звонарките, исто така, можат да бидат и одличен стајлинг за излегување, ако ги споите со високи потпетици и интересна маица.

Оваа пролет, секоја жена мора да има барем еден пар во нејзината гардероба. Ако сè уште не сте ги набавиле, време е за шопинг.

Прегледи:
625
Објавено на:
28.02.2020