Категории

Саркастични изјави на доктор Хаус кои ќе ве потсетат на реалната страна од животот

Арогантен, саркастичен, досетлив, духовит и генијален. Доктор Хаус е еден, единствен и неповторлив! Иако сите ние никогаш нема да ја заборавиме неговата ТВ серија, сепак тоа по што најмногу ќе го помниме се неговите изјави кои секогаш удираат директно во сржта на нештата. Погледнете дел од неговите животни мудрости според кои сите ние треба да се водиме.

„Нештата се менуваат. Но, тоа не значи дека ќе се сменат на подобро.“

„Сите грешиме и сите плаќаме за тие грешки.“

„Основната вистина за човековото постоење е дека сите лажат. Единственото нешто што варира е причината за лагата.“

„Да се биде нормален е здодевно.“

„Ако разговарате со Бог, тогаш сте религиозни. Ако Бог разговара со вас, тогаш сте психотични.“

„Тоа што ти го мислиш за мене нема да ме промени, но би можело да го промени тоа што јас го мислам за тебе.“

„Работете паметно, а не напорно.“

„Истовремено ме забавува и нервира тоа што мислиш дека треба да бидам помалку тврдоглав од тебе.“

„Лесно е да го слушате срцето. Пробајте еднаш да го послушате мозокот.“

„Не постои тенка линија помеѓу љубовта и омразата. Помеѓу љубовта и омразата всушност постои Кинески ѕид со вооружени стражари на секои 10 метри.“

„Ако се ожените во дваесеттите, во триесеттите ќе бидете шокирани со личноста со која всушност живеете.“

„Велат дека не можете да живеете без љубов… Јас мислам дека кислородот е далеку понеопходен.“

„Очите можат да преварат, насмевката да излаже, но чевлите секогаш ја говорат вистината.“

„Кога сакате да ја знаете вистината за некој, тој некој е последната личност која би требало да ја прашате.“

„Луѓето не го добиваат тоа што го заслужуваат. Тие го добиваат тоа што ќе го добијат и тука не може ништо да се направи.“

Прегледи:
685
Објавено на:
11.03.2020