Категории

Храна и витамини кои треба да ги внесувате за време на пандемија

Покрај исклучително важните хигиенски мерки, во кои под број еден спаѓаат редовно и темелно миење на рацете, како и редовна употреба на средства за дезинфекција, неопходно е да се зајакне и организмот и да се обрне внимание на исхраната.

Косумирајте храна што го зајакнува имунолошки систем, како што се лимон и лимета, кои се едни од најдобрите извори на витамин Ц и антиоксиданти. Пијте млака лимонада пред секој оброк. Јадете супа, богата со витамини и минерали, советуваат нутриционистите и објаснуваат на кои начини на имунитетот влијае лукот:

“Лукот ја зајакнува одбранбената сила на телото. Слично како лукот, и кромидот има антиинфламаторно дејство.”

Нутриционистите додаваат дека и јаболковиот оцет е исто така корисен заради неговото дезинфекциино дејство, дури и против најотпорните бактериски слоеви и вируси. А можете да го користите во сезони салати или да направите пијалок.

Маслиновото масло е исто така корисно како извор на мононезаситени здрави масти кои во голема мерка го зајакнуваат имунитетот. Маслинките и авокадото, како и одредени зачини, не прават поотпорни.

Ѓумбирот е еден од најмоќните зачини што помага да се намали воспалението, да се зајакне имунитетот, да се намали болката. Додадете ѓумбир во лимонада, чај или во смути.

 

Како делува босилекот, глуварчето, но и зелката и карфиолот

На списокот на намирници што го зајакнуваат организмот се наоѓаат и многу билки како рузмарин, оригано, босилек, мајчина душица. Додадете ги во салатите, користете ги за маринирање и за зачинување на месото. Кога станува збор за чаеви, пијте чај од ѓумбир, чај од лимон, чај од глуварче.

Не треба да го заборавиме и зеленчукот како карфиол, брокула, зелка, рен, келераба. Оваа група на зеленчук е богата со антиканцерогени, биолошки активни соединенија на изоцијанатите.

Прегледи:
650
Ознаки:
·
Објавено на:
21.03.2020