8-те предмети што ги допираме најчесто во домот – дезинфицирајте ги што е можно почесто!
Експертите посочуваат дека за време на пандемијата, домот треба да се чисти секојдневно, а помеѓу редовните чистења, предметите што најчесто се допираат во домот треба да бидат дезинфицирани.
Се препорачува да го чистите домот со алкохол, асепсол или влажни марамчиња што содржат алкохол. Ако ги немате овие агенси во вашиот дом, можете да користите вода и сапун или детергент за миење садови.
Истурете неколку капки детергент за миење садови во 250 мл. вода. Оваа мешавина нема да ги уништи сите бактерии во куќата, но може да биде ефективна во сузбивање на корона вирусот, доколку немате средства за дезинфекција.
Овие 8 работи во вашиот дом најчесто ги допирате со вашите раце.
- рачките на вратите
- прекидачите
- вратата од фрижидерот и микробрановата печка
- далечинското
- површините и масите каде што јадете и подготвувате јадење
- рачките и држачите во тоалетот (за крпи, тоалетна хартија)
- чешмите
Важно е после чистењето да ги измиете рацете. Ако сте користеле раквици, не заборавајте по чистењето да ги измиете или исфрлите. По миењето на раквиците повторно измијте ги рацете.
Вашата куќа најдобро ќе биде заштитена од вируси, ако секој што ќе влезе во неа, ги дезинфицира чевлите и јакната и веднаш ги измие рацете, без да не допира ништо во куќата пред да се измие.
Јакните и чевлите можете да ги чувате на терасата или пред влезната врата.