Данската компанија UVD Robots, која ја основал Blue Ocean Robotics, во последните неколку месеци трикратно го зголеми своето производство, особено благодарение на нарачките од Кина, но и од други земји во светот кои се борат против пандемијата на корона вирусот.
Нивниот автономен робот UVD Robot може самостојно да се движи низ простории и со УВ зраци да ги уништува сите патогени, бактерии и вируси со ефикасност од 99,9%. Кога роботот ќе го доведете во некоја просторија, пред да почне да дезинфицира, ќе ве замоли да ја напуштите собата, да ја затворите вратата и почнува со дезинфекција затоа што УВ светлото кое го испушта може да биде штетно за луѓето.
Роботот се испраќа во некоја просторија преку апликација и може сам да си ја отвори вратата на собата. После завршената работа роботот испраќа порака дека завршил со дезинфекција, а потоа се враќа на место каде што стои гаражиран.
Данската компанија продава UV Robot во 40 држави во светот по цена од 67.000 долари, а минатиот месец почна за испорачува роботи во Вухан и други градови во Кина, кои нарачаа дури 2.000 примероци за своите болници.
Преземено од: inovativnost.mk