Категории

Чувајте ги луѓето кои ви ги полнат батериите, а не главата

Во својот живот многу време трошиме на тоа да бидеме со своето семејство и пријателите а за себе, буквално, немаме време. А секој од нас понекогаш му е неопходно да остане сам.

Еве зошто од време на време, потребно ни е да се оградиме од надворешниот свет и да останеме со своите мисли.

– Самотијата ја чисти нашата свест. Во текот на денот добиваме многу различни информации од медиумите, од пријателите, колегите, блиските луѓе. И не сме свесни како дел од нив почнуваат негативно да влијаат на нашиот живот. Затоа, понекогаш, едноставно е неопходно да се размисли за се’ на некое мирно место, каде никој нема да не’ вознемирува.

-Креативноста, исто така, бара мир и тишина. Кога остануваме сами и за ништо конкретно не размислуваме, нашата фантазија добива слобода и во таа моментална слобода, можат да се родат волшебни идеи.

– Самотијата помага во јакнење на сигурноста. Да го слушнеме нашиот внатрешен глас, да извагаме се’ по наше –  ‘за’ и ‘против’ , врз основа на сопственото искуство а што е  поважно од мислењето на околината

Стануваме по самостојни. Кога остануваме сами со себе можеме да мечтаеме и да создаваме цели врз основа на своите соништа, без туѓо влијание.

– Самотијата ја изострува перцепцијата. Ако се оградиме од емоции и грижата за надвотешниот свет, многу  полесно ќе извлечеме заклучоци или поинаку ќе гледаме на проблемот кој не’ мачи.   -Корисно е да се остане сам со себе, за да го намалите стресот и нервозата. Тоа помага, мислите да се доведат во ред, по напорен ден.

Најдобриот начин да се спознаете себе си е да направите кратка пауза во комуникацијата со опкружувањето. Таа ќе помогне да се најде она што навистина е важно и да се направат приоритети.

-Самотијата ја зацврстува врската. Верувале или не, нашите најмили немаат потреба за наше постојано внимание. Кога имаме време да се почитуваме и разбираме себе си, способни сме подобро да се разбереме и да ги почитуваме другите.

 

 

 

 

Преземено од: o3zona.net