Категории

Забрана за движење на сите граѓани за време на викенд од 16 до 5 часот!

За уште поголема заштита на населението од ширењето на коронавирисот, Владата денеска донесе одлука за дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викенд, објави премиерот Оливер Спасовски.

Се забранува движењето на сите граѓани за време на викенд (сабота и недела) од 16 часот попладне до 5 часот наутро!

Остануваат на сила и сите други претходно донесени забрани.

Прегледи:
516
Објавено на:
25.03.2020