Ви донесуваме неколку едноставни совети како до пријатен воздух во домот
Стручњаците препорачуваат влажноста во воздухот да се одржува помеѓу 40 и 60%. Со оглед на тоа што овие денови ги грееме нашите домови поради ниските температури, важно е да обрнеме внимание на навлажнувањето на воздухот. Во зима поради сувиот воздух пати нашата кожа и коса, дури и растенијата и мебелот. За среќа постојат неколку начини со чија помош можете да го навлажните воздухот во вашиот дом. Во продолжение ви донесуваме неколку едноставни решенија и трикови.
Сушење на алишта во домот
Мокрите алишта можете да ги искористите како природен освежувач на воздухот во затворениот простор. Наместо да ја уклучите сушарата, алиштата ставете ги на сталажа за сушење и поставете ги што поблиску до радијаторот. Водата од алиштата ќе испари во воздухот и ќе го навлажни воздухот во просторијата. А покрај тоа ќе го исполни вашиот простор со пријатен мирис.
Чинија со вода наместо дифузер
Доколку не поседувате дифузер за воздух, не очајувајте – постои уште еден трик кој помага. Наполнете стаклен сад со вода и ставете го на радијатор или на прозор и капнете неколку капки етерично масло. Испарувањето на водата ќе ја зголеми влажноста во воздухот а етеричните масла кои воедно имаат важни антивирусни својства ќе делуваат пријатно на дишните патичка. Исто така можете да искористите и ваза.
Домашни растенија
Ако сакате да ја зголемите влажноста во воздухот ќе ви помогнат собните растенија. Тие додатно ги филтрираат формалдехидот, бензенот или триклоретиленот од воздухот кои се штетни за дишењето. За додатна влажност кај растенијата ќе ви помогне сад со разредени гранули од глина кои се поставуваат под теглата.