Категории

Памучна маска – Колку е корисна и дали вистински штити?

Дали е корисно да се носи памучна маска и дали таа штити од заразата со коронавирусот?

Епидемиологот Предраг Кон изјави дека памучните маски во медицински услови не се корисни, но секако се подобри отколку да не носите ништо.

Во одредени ситуации, на пример таму каде што нема очекуван контакт со заразени лица, памучните маски можат да се носат, додека на инфективна клиника и на места каде што постои заразеност тие не се идеална заштита.

Доколку имате близок контакт со заразена личност, оваа маска воопшто не користи.
Но ако сте на оддалеченост од повеќе од два метри, тогаш е подобро отколку да немате ништо.

Прегледи:
1039
Објавено на:
31.03.2020