Категории

(ФОТО) Нов тренд: Жени споделуваат слики облечени во венчаници додека седат дома

Социјалната дистанца и изолацијата внесоа прилично многу досада во човековите животи, а бројни жени смислија нова занимација за да се орасположат.

Бидејќи добар дел од денот го поминуваат во досада и не знаат што да прават, многу жени почнаа да ги облекуваат своите венчаници и да се сликаат притоа споделувајќи ги фотографиите на социјалните мрежи.

Овој тренд го започна писателката Куртис Сајтенфилд откако објави фотографија како пие кафе со своите деца во својата венчаница.

После двонеделната изолација, нејзините деца побарале од неа да ја облечи венчаницата а таа идеа и се допаднала.

 

После неа следеа бројни твитови од многу жени кои го следеа нејзиниот пример и споделија слика како седат во своите домови во своите венчаници.

 

Една жена сподели твит кој ги насмеа многумина:
„Веќе 7 дена сум во изолација кај мојата мајка, а нејзината венчаница беше единственото нешто кое можев да го најдам за да го облечам.“

Друга жена се слика само со тијара на главата а покрај сликата напиша:
„Можете само да замислите како ми стои венчаницата 38 години после свадбата.“