Категории

Состојба на нови случаи заболени со КОВИД – 19 во Македонија

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 15 новозаболени лица. Вкупниот број на позитивни на КОВИД-19 во нашата држава е 570 лица.

Според местото на живеење, новите заболени се од Скопје (4), Куманово (8), Тетово (1), Струга (1) и Штип (1).

Тројца пациенти починале како последица на компликации од коронавирусот. Станува збор за две лица од Тетово и 40-годишен маж кој беше евидентиран како прв случај во Кочани.

Излекувани се 4 пациенти и испишани од Клиниката за инфективни болести, а на три лица од Дебар им се негативни два контролни теста.

Прегледи:
568
Објавено на:
06.04.2020