Категории

„Згодните мажи се лоши љубовници.“ – Незаборавни цитати на Кери Бредшо за мажите и врските

Кери Бредшо  е една од култните ликови од серијата „Сексот и градот“ од која научивме доста мудрости за мажите и врските. Еве некои од нив за кои сме сигурни дека многумина од вас добро ќе ве насмеат, но и замислат.

„Беше како фустан од Роберто Кавали: Знаете дека тоа не е во ваш стил, но сеедно го пробувате.“

„Љубовта е единствениот бренд кој никогаш не излегува од мода.“

„Потрошив 40,000 долари на чевли, а немам каде да живеам. Буквално ќе бидат старица која живеела во чевли.“

„Мажот треба да има храброст и грациозност да и каже на жената во лице дека повеќе не сака да ја види.“

„Ти и јас толку завршивме, што ни е потребен нов збор за тоа.“

„Не го оставив за да би го јавала некоја бездушна кукла.“

„Јас имам стил, но гаќичките со светкави циркони секако не се тоа.“

„Во друштво на млади луѓе идеата за моногамија некако исчезнува самата од себе.“

„Згодните мажи се лоши љубовници.“

„Бевме среќни се до мигот кога одлучивме да живееме среќно до крајот.“

„Да се каже „љубов моја“ не е тешко. Тешко е тоа да се докажува секој ден.“

„Не е често за една жена да поминува лесно во животот. Поради тоа е многу важно да одбере добри чевли: Тие помагаат во расветлувањето на тешките патеки.“

„Еве го парадоксот: Кога ќе го добиеме она што го сакаме, повеќе не ни треба.“

„Барам љубов. Вистинска љубов. Откачена, неконвенционална, не-можеме-да-живееме-еден-без-друг љубов.“

„Мојот живот е вртешка и поминав низ потполн хаос, а сега се чувствувам како да сум ја запознала личноста покрај која можам да стојам мирно барем на минута. Зарем ти не сакаш да стоиш мирно покрај мене?“

„Луѓето умираат. Компјутерите се расипуваат. Врските се завршуваат. Најдоброто што можете да го направите е да воздивнете длабоко и да продолжите понатаму.“

„Во секоја врска доаѓа миг кога романтиката ќе и отстапи место на реалноста.“

„Луѓето одат во коцкарница од една причина – во надеж дека ќе добијат џекпот. Но на крајот, само ги фрлаат сите пари и седат сами на шанкот.“

Прегледи:
629
Објавено на:
07.04.2020