Категории

Влијанието на коронавирусот кај трудниците и родилките – Важни прашања во врска со Covid-19

Светската здравствена организација дава одговори на прашањата во врска со ризикот под кој се наоѓаат трудниците и родилките во текот на епидемијата со коронавирусот.

Истражувањата врз основа на податоците со кои моментално располата СЗО, не покажуваат дека трудниците спаѓаат во групата на луѓе кои се изложени на поголем ризик од зараза со вирусот Covid-19. Меѓутоа, имајќи ги во предвид промените кои се случуваат за време на бременоста во телото и имуниот систем на трудниците, важно е да се следат внимателно сите симптоми, и во случај на отежнато дишење, кашлање, треска или зголемена температура, да се обратат на лекар кој ја следи нивната бременост.

Кои превентивни мерки важат за трудниците со цел заштита од Covid-19?

Трудниците да се придржуваат кон истите правила за претпазливост кои важат за сите:
-Често миење на рацете со сапун и топла вода, користење на дезинфекциски сретства на база на алкохол
-Избегнување гужва, а во случај на истата – одржување на дистанца од минимум еден метар
-Да не се допира лицето, очите, носот и устата
-Придржување до правилата во случај на кашлица или кивање, прекривање на носот и устата со внатрешниот дел на лактот или марамица
-Во случај на забелување на симптомите на вирусот, обавезно прво да се обратат на телефонот на дежурните епидемиолози и да ги следат добиените упатства
-Важно е трудниците и родилките/доилките без оглед на тоа дали имаат симптоми на вирусот, редовно да ги посетуваат закажаните контроли кај избраниот доктор

Дали тестирањето на Covid-19 е безбедно за трудници?
Процесот на тестирање е сосема безбеден, а СЗО смета дека бремените жени кои чувствуваат симптоми на вирусот мораат да бидат приоритет, со цел да се почне навремено евентуално лечење.

Дали трудниците можат да го пренесат вирусот на плодот или новороденчето?
Врз основа на податоците со кои располага СЗО, сеуште со сигурност не може да се каже дали трудницата може да го пренесе вирусот на плодот или родилката на новороденчето. Засега вирусот не е пронајден во примероци на плодова вода или мајчино млеко.

Дали родилките кои се заразени со вирусот можат да дојдат?
Родилките кај кои е потврден вирусот Covid-19 можат да дојат но мораат да се придржуваат кон превентивните мерки како што е носење на маска во текот на доењето, миење на рацете пред контакт со бебето, дезинфекција на површината и предметите кои често ги користат.

Прегледи:
438
Објавено на:
08.04.2020