Категории

Брза торта со бисквити: Десерт во кој ќе уживате! (РЕЦЕПТ)

Многу едноставно се прави, а има толку добар вкус

Потребно е:

  • 400 гр. бисквити
  • 100 гр. путер
  • 2 пудинга од чоколадо
  • 2 пудинга oд слатка павлака
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 1 литар млеко
  • 4 лажици шеќер
  • 2 ванили

 

Подготовка:

Варете го пудингот со млекото и додадете го шеќерот и ванилата. Изматете го путерот со шеќерот во прав. Оставете го пудингот да се излади.

Поделете го путерот на два дела и додајте го чоколадото во едниот, а во другиот белиот дел и добро измешајте. Плехот обложете го со фолија.

Еден бисквит намачкајте го со чоколадо, а до него другиот со крем од слатка павлака и од страна ставете по еден бисквит.

Одозгора намачкајте со бел крем, покријте со фолија и оставете во ладилник 2 часа за да се излади. Ставете го на чинија и од страна премачкајте со остатокот од бел фил и одозгора со чоколадниот фил.

Посипете со малку кокосово брашно или рендано бело чоколадо. Оставете во ладилник преку ноќ за да се стегне. Послужете и уживајте во прекрасниот вкус.

Прегледи:
3739
Објавено на:
09.04.2020