Категории

Што треба да знаат пушачите за КОВИД-19?

Секој потенцијално може да биде заразен со COVID-19. Болеста е особено опасна кај лица со претходни заболувања, како што се болести на срцето или белите дробови. Лицата кои пушат производи од тутун, електронски цигари или марихуана, се исто така под зголемен ризик да манифестираат тешка форма на болеста, доколку се заразат со вирусот.

Пушењето Ве прави поосетливи на COVID-19, затоа што уништува дел од природните одбранбени механизми на белите дробови. Истото важи и за електронските цигари.

Првичните анализи на случаите со COVID-19 во Кина покажуваат дека пушачите развиваат потешка клиничка слика отколку непушачите. Потребни се повеќе истражувања за прецизно да се одреди каков ефект има пушењето или електронските цигари врз лицата со COVID-19, но би требало да направите сѐ што можете за веднаш да престанете со пушење.

Како пушењето ги загрозува белите дробови

Пушењето и електронските цигари ги уништуваат цилиите во белите дробови. Тие се ситни трепки, кои ги фаќаат вирусите и страните тела и ги движат нагоре, надвор од белите дробови, со цел да не предизвикаат оштетувања доколку останат во нив. Цилиите се еден од главните одбранбени системи против инфекција. Без цилии, пушачите се со намалена способност за одбрана. Ова го објаснува и фактот дека пушачите кои ќе добијат обична настинка, може да имаат продолжена кашлица со недели или месеци. А некој што има здрави бели дробови може да се опорави многу побрзо.

Како електронските цигари ги загрозуваат белите дробови

Истражувањата покажуваат дека пушењето електронски цигари, исто така може да ги оштети цилиите во белите дробови. Се препорачува откажување, со цел да се одржи здравјето на белите дробови и да се намали ризикот од тешка форма на COVID-19.

Сега е вистинско време да се престање со пушење

Активните пушачи се под зголемен ризик за компликации од COVID-19. Така, не постои подобро време да се престање со пушење, отколку денес.

Совети од One Hospital.

Прегледи:
717
Објавено на:
09.04.2020