Ѕверски добро изработен звук и видео! Oва се петте збора со кои може да се опише новиот проект од „кујната“ на Sidechain продукција. „Ѕвер“ е новиот сингл на Темелко Андреев а.к.а Ma$$ive & Bojan & David, работен по музика и аранжман на Темелко Андреев, кој заедно со Бојан Манев го потпишуваат и текстот. Песната звучи светски, нешто што е веќе вообичаено кога се споменува името на Темелко Андреев и неговата Sidechain Production.
Синглот „Ѕвер“ доби и свое видео, кое раскажува урбана приказна, во која авторите сакаат да прикажат дека ги убиваат послабите верзии од себе, и дека Ѕверот во нив т.е. (талентите, соништата и гладот за успех) ке го задоволат. Продуцент на видеото е Темелко Андреев, а снимано е на локации во Велес и околината. Камерата и монтажата се на веке добро познатиот Владислав Гавриловски од кој воопшто не сме изненадени за квалитетот на видеото, а дизајнот на костими на Катерина Трезор. За изработката на шминката е користен SFX Make up, а креација е на познаниот make up артист Beautyanica (Андријана Станковска), која долги години работи на филмска шминка.
„Ѕверот“ го „разубавува“ Калина Трајковска од Eat the beat dance studio.
Сè на сè, „Ѕвер“ на Ma$$ive & Bojan & David треба да се доживее. Еве вашата прилика!