Категории

 Жени кои владееле подобро од мажите – Ова се најмоќните кралици во историјата

Жени кои владееле самостојно и пред кои трепереле цели војски. Жени кои сечеле глави и чија мудрост до ден-денес останала ненадмината.

Низ историјата сведоци сме дека мажите се оние кои освојувалеи владееле со светот. Во време кога што многу повеќе се вреднувала нивната сила и право на владеење, жените најчесто останувале во нивната сенка.
Но постојат неколку жени кои всушност успеале да ја променат историјата. Успеале да ги поместат опшествените норми, покорувале целии нации, биле многу подобри владетели од многу мажи, и со тоа оставиле трага со своите воени вештини и дипломатски способности. Жени кои владееле самостојно и пред кои трепереле цели војски. Жени кои сечеле глави и чија мудрост до ден-денес останала ненадмината.

ТОМИРИС – КРАЛИЦАТА НА МАСАГЕТИТЕ

Томирис била единствената ќерка на кралот Спаргап. По неговата смрт таа завладелаа со Масагетите, скитските народи познати како јавачи на коњи низ Азиските степи. Таа ги обединила сите племиња од иранскиот народ против персискиот владетел Кир Велики, основачот на Ахеменидската империја кога тој одлучил да ги покори Масагетите.
За време на една дипломатска вечера која ја организирал кралот Кир, Томирис го испратила својот син Спаргапис да ја застапува. Кралот Кир им понудил примирје доколку Томирис се омажи за него. Понудата била одбиена а за време на вечерата, Спаргапис заедно со неговите најблиски војсководци биле убиени така што претходно кралот Кир ги опијанил со ферментирано млеко од кобила.

Томирис го предизвикала на бојното поле осудувајќи го за предавство. Таа војувала на чело на нејзината војска и жестоко ги поразила Персијците. Кога стигнала до кампот на кралот Кир, таа му ја пресекла главата и ја ставила во сад наполнет со човечка крв, изговарајќи ги зборовите:
„Те предупредив дека ќе ја изгаснам твојата жед за крв, па еве сега ќе го направам тоа!“


ЗЕНОБИЈА – КРАЛИЦАТА НА СИРИСКАТА ДИВИНА

Зенобија била сириската кралица на Палмира, сопруга на кралот Оденат основач на царството, а станала кралица после неговата смрт. Била божесвено убава, со темен тен и црни очи, била многу паметна и образована и познавала неколку јазици. Таа ја проширила територијата на Палмира до Египед поразувајќи ги Римјаните. Таа лично ја водела својата војска и ги освоила териториите на Сирија, Либан и Палестина.
Римскиот император Аурелијан одлучил да и се спротивстави на жестоката кралица која немала намера да застане. Двете војски ги вкрстиле мечовите во близина на Антиохија, Аурелијан ја поразил Зенобија и таа побегнала во Емеса. Откако се повлекла назад во Палмира, и следела уште една жестока битка со Аурелијан во која повторно била поразена и Римјаните го завзеле нејзиниот град.

Барајќи заштита таа избела на камила кај Персијанците, но била заробена од силите на Аурелиј кај Еуфрат. Аурелијан за неа изјавил: „Оние кои зборуваат со непочитување за војната која ја водам против жена, не го знаат карактерот и моќта на Зенобија. Невозможно е да се набројат нејзините воени подготовки од камења, стрели, ракетни оружја и воени машини.“

Зенобија и нејзиниот син биле испратени во Рим како заложници. Не сакајќи да биде роб на нејзиниот непријател, таа извршила самоубиство како нејзиниот предок Клеопатра.

ОЛИМПИЈА – КРАЛИЦАТА НА МАКЕДОНСКАТА ИМПЕРИЈА

Олимпија била родена како Поликсена и била ќерка на епирскиот крал Неоптоломеј I Епирски. Го запознала Филип II во еден храм на островот Самотраки каде се вљубиле и одлучиле да се венчаат, со што станала кралица на Македонија. Го променила своето име во Олимпија во чест на Филиповата победа на Олимписките игри. Нивниот брак бил доста нестабилен, откако Филип одлучил  да се ожени со македонската аристократка Клеопатра, Олимпија со цел да го обезбеди патот на Александар до престолот, направила заговор во неговото убиство.

Откако Алексадар се искачил на престолот и ги започнал неговите походи, таа управувала со Македонската престолнина.
По смртта на Александар, таа ја земала под своја закрила неговата жена Роксана и неговиот син Александар IV и заедно владеела со Македонската Империја под регенството на Пердика. Со цел да ја зацврсти врската, нему му ја понудила раката на нејзината ќерка Клеопатра. Пердика прифатил да се ожени со Клеопатра, но од друга страна Антипатар се нашол навреден. Сето тоа довело до непријателства помеѓу Антипатар и Пердика, избила и своевидна граѓанска војна во Империјата. Од таа војна Антипатар излегол победник и станал нов регент на империјата. Но само после една година и тој починал.

Него го наследил Полиперхон како регент, но неговиот син Касандар го киднапирал Филип Аридеј, синот на Филип II со танчерката Филина од лариса и го изнел надвор од Македонија.
Полиперхон навлегол во Епир, ја земал Роксана и нејзиниот син Александар IV со него. Олимпија сфатила дека во случај Касандар да завладее со империјата, нејзиниот внук Александар IV ќе ја загуби круната. Како резултат на тоа, таа се здружила со Полиперхон и заедно со воените сили на нејзиниот братучед Еакид извршила инвазија врз Македонија и успеала да му ја одземе власта на Касандар при што го фатила и убила Филип Аридеј во октомври истата година, а многу поддржувачи на Касандар биле масакрирани. Касандар успеал да се извлече а подоцна со помош на своите азиски сојузници се регрупирал и извршил опсада на Олимпија кај Пидна. После година дена опсада ја присилил Олимпијада да се предаде. Полиперхон и Еакид се обиделе да ја ослободат, еден од условите за нејзината капитулација биле Касандар да го поштеди нејзиниот живот. Но Касандар не го одржал своето ветување, и ја убил Олимпија.

ВУ ЗЕТИЈАН – ИМПЕРАТОРКАТА НА КИНА

Ву била првата жена во кинеската историја која ја носела титулата Императорка.
Во кралската палата пристигнала како конкубина на кралот Таи-Цунг а по неговата смрт се омажила за неговиот син и наследник, царот Гао-Цунг по што станала негова царица.
Откако нејзиниот сопруг умрел престолот го наследнил нејзиниот син кој по кратко време почнал да се разболува за што некои историчари сметаат дека Ву всушност потајно го труела, престолот преминал на нејзиниот втор син кој воопшто не се појавувал на официјалните функции што довело до нејзино самостојно владеење.

Таа ја превзела титулата „Света и Божествена владарка и царица“, титула која претходно ја носеле само мажите. Во текот на нејзиното владеење ги проширила границите на Кина до централна Азија и Корејскиот полустров. Во постојана борба за зачувување на нејзината врховна власт, царицата Ву Зетијан вовела значајни промени во обликувањето на империјата.

КОСЕМ СУЛТАН – НАЈМОЌНАТА ОСМАНЛИСКА ВЛАДЕТЕЛКА

Махпејкер Косем Валиде Султан била една од најмоќните жени во Османлиското царство. Таа била првата и единствена жена во историјата која владеела самостојно со исламско царство.
Косем била родена како Анастасија на грчкиот остров Тинос како ќерка на свештеник. На 15 година била грабната и одведена во харемот на султанот Ахмед I како робинка а подоцна станала негова хасеки „главна жена“.

Кога го примила исламот и било дадено името Махпејкер, додека подоцна го добила името Косем што значи водач.
По смртта на Ахмед, престолот го наследил нејзиниот син Мурад IV, бидејќи бил малолетен, таа започнала да управува самостојно со империјата. Откако Мурад починал од цироза на црниот дроб, на престолот се искачил неогвиот душевноболен брат Ибрахим I, кој поради ментални проблеми не можел да управува со царството а тоа и овозможило на Косем да продолжи со своето управување. По кратко време Ибрахим бил убиен во заговор за кој се смета дека бил по наредба на Косем, престолот преминал во рацете на нејзиниот внук Мехмед IV, кој бил малолетен па така Косем повторно се проласила за единствен регент на кралството.
За време на нејзиното владеење, границите на империјата се прошириле до Ереван и Багдад.

Мајката на нејзиниот внук, Турхан Хатиџе се покажала како нејзин најголем непријател. Таа сакала да го превземе регенството на својот син па во заговор со дворската стража, Косем била убиена така што била задавена со сопствената коса од црниот евнух Сулејман.
Во текот на своето владеење, Косем изградила здруженија за сиромашните и децата сираци, згрижувала вдовици и самохрани мајки, а неретко ги „купувала“ и потоа ослободувала жените кои биле носени како робинки, им давала имот и згрижување.