Категории

Зошто мажите раскинуваат? – Не е се како што изгледа, ова се најчестите причини

Одлуките и причините за раскинување не се едноставни, а многу често тешко се дефинираат само со една причина поради која се раскинува.

Сепак, ви ги издвојуваме најчестите причини за раскинување.

1.Не е подготвен за сериозна врска
Ова е најчестата причина поради која мажите раскинуваат и најчестото објаснување кое се слуша. За нив сериозната врска значи откажување, обврски, компромиси и ограничување на сопствената самостојност. Поради тоа врската ја гледаат како терете а не како нешто во кое ќе уживаат, па кога ќе почувствуваат дека ја губат независноста, бегаат.

2.Не е приоритет во вашиот живот
Спротивно од првиот проблем е тој каде мажот очекува да стане центар во светот на жената. Доколку има чувство дека не е на прво место, смета дека врската нема иднина затоа што партнерката не го сака доволно и не му угодува онолку колку што посакува.

3.Партнерката не се грижи доволно за себе
Една од најчестите причини за раскинување кај мажите е таа доколку дојде до промена од почетокот на врската и после. Партнерката престанува да се грижи за својот изглед, форма, облека и шминка и сето тоа влијае врз мажот на тој начин што тој почнува да губи интерес. Од една страна чувствува дека повеќе не и е интересен па не се грижи за тоа како изгледа пред него, а од друга страна таа престанува да му биде привлечна. Мажите денес водат доста грижа за својот изглед а истото го очекуваат и од партнерката.

4.Привлечноста изчезнува
Кога едната страна губи интерес за другата, ситуацијата може да стане прилично фрустрирачка. Недостатокот на страст во врската почнува да нагласува и некои други проблеми.

5.Постои друга жена
Кога веќе постои друга личност, ништо тука не може да се стори. Додека за некои други причини може да се разговара и да се направи обид да се променат, во овој случај тоа е навистина тешко.

6.Премногу сте ралзични
Без оглед на тоа колку на почетокот сте биле слични и сте имале слични цели, со текот на времето тоа може да се промени. Многу парови доаѓаат до точка во која сакаат различни нешта. Често тие различности се поврзани со навиките, карактерите или целите. Тогаш опстанокот на врската станува предизвикувачки, особено ако не се поклопувате во некои од клучните сегменти.

Прегледи:
423
Објавено на:
04.05.2020