Категории

Како да го освоите и да направите постојано да мисли на вас?

Жените многу често мислат дека мажите не ги сакаат доволно, дека не мислат на нив и дека во текот на денот не им недостигаат. Еве како да го освоите целосно неговото внимание со овие 10 едноставни чекори и да направите да не може да престане да мисли на вас

Ви предлагаме 10 едноставни трикови со чија помош ќе направите вашиот партнер постојано да мисли на вас. Нема долго да чекате на резултатите, бидете сигурни!

1.Намедно оставете нешто ваше
Обидете се со овој трик. Намерно „заборавете“ нешто во неговиот стан или кола. Можете да оставите порака, или да оставите некој ваш предмет, обетка или белегзија. Кога ќе погледне на тоа мало нешто, тој ќе помисли на вас и времето кое сте го поминале заедно.

2.Личниот простор е важен
Доколку се гледате често, нормално е дека нема да му недостигате. Затоа е потребно да му дадете на партнерот личен простор. Пополнете го вашето слободно време со некои хобија и нешта кои ве интересираат, наместо постојано да сте со него. Одете во шопинг, излегувајте со приајтелките, посетувајте курсеви или часови по јога.

3.Нека чека
Не би требало да му одговарате на неговите повици и пораки во истиот миг. Тоа не значи дека треба да чека со часови за да му одговорите, но ќе биде во ред да почекате неколку минути пред да ја испратите пораката. На тој начин ќе направите да мисли на вас.

4.Оставете нештата да се развиваат постепено
Многу често луѓето сакаат кога односите се одвиваат брзо. Меѓутоа, ако забележите дека вашиот партнер сака се одеднаш и сега, треба малку да ги забавите нештата. Треба подобро да го запознаете и да го разберете. на тој начин со нетрпение ќе го очекува времето кое ќе го поминува со вас.

5.Парфем
Мали трикови исто така ќе ви помогнат да ја постигнете вашата цел. Кога сте со него постојано носете еден ист парфем по кој ќе ве памети. Треба да биде едноставен и деликатен, и кога ќе го почувствува тој мири каде и да е, тој ќе помисли на вас.

6.Додадете некоја мистерија
Тоа значи дека не треба да бидете како отворена книга за него. Додадете мистерија и не раскажувајте се за вас уште на првиот состанок. На тој начин ќе направите да сака да ве види повторно и подобро да ве запознае.

7.Авантури
Многу често мажите сакаат да бидат единствената личност со која нивната партнерка ќе го поминува времето. Затоа треба да поминувате време и да имате авантури не само со него, туку и со вашите пријатели. Тоа што ќе знае дека се забавувате и со други луѓе ќе направи да му недостигате.

8.Покажете малку интерес за некого (или нешто друго)
По правило, мажите сакаат нивните жени да им припаѓаат само нив. Затоа пожелно е да го направите малку љубоморен. Можете да му кажете дека сакате да поминувате време на курс или некое хоби. Меѓутоа, внимавајте да не претерате, се треба да се прави умерено.

9.Секогаш изгледајте убаво
Кога одите на состанок со него, потрудете се да изгледате преубаво. Носете нешто елегантно, средете ја косата и не заборавајте на шминката. Секогаш бидете убави и средени, ќе го памети вашиот изглед долго време.

10.Покажете дека имате гордост
Поминувајте време со него, гответе за него нешто вкусно, забавувајте се и разбирајте го, но покажете му дека имате гордост и достоинство. На тој начин ќе направите да копнее по вашето друштво и внимание.

Прегледи:
1980
Објавено на:
09.05.2020