Кога големите компании прават хумано дело, ни се враќа вербата во човештвото. Nike донира 30.000 пара Nike Air Zoom Pulse патики низ болниците во Европа и САД, за да им се помогне на медицинските лица кои неуморно се справуваат со пандемијата.
Најки заедно со непрофитабилната организација Good360 донираа повеќе од 140000 парчиња обувки и опрема за болничкиот персонал низ САД и Европа.
Тие донираа 30,000 пара Nike Air Zoom Pulse на болници во Чикаго, Лос Анџелес, Мемфис и Њу Јорк Сити. Дополнителни 2500 пара беа донирани во Европа, вклучувајќи ги Барселона, Берлин, Лондон, Милано, Париз и Белгија.
Патиката е изработена во 2019 година, во ноември, и е конкретно наменета за секојдневните херои во болниците. Лесно се слекува и облекува, лесно се чисти и е доволно комотна за да се носи подолго време. Дава доволна потпора и циркулација на крв, поволна за медицинските лица кои се на нозе по многу часа во текот на денот.