На прашањето „Дали би простиле прељуба?“, голем број луѓе веднаш одговараат: „Не!“. Во практиката, сепак тоа изгледа малку поинаку..
На прашањето „Дали би простиле прељуба?“, голем број луѓе веднаш одговараат: „Не!“. Во практиката, сепак тоа изгледа малку поинаку, па многу парови успеваат да пребродат кризата иницирана од сознанието за прељубата. А во тој случај, врската понекогаш може да стане посилна отколку што била – тврди терапевтката за односи помеѓу партнери од Сиднеј, Мети Силвер.
Правите после изневерувањето најчесто размислуваат и ја разгледуваат причината која довела до истото, а тоа е најдоброто нешто кое можете да го направите.
„Обидете се да ја разберете прељубата и како таа се случила, може да ви се разјаснат многу прашања за кои сте немале објаснување“ – наведува Силвер.
„Затоа не треба да губите време на приказната за виновникот, туку на разговор за коренот на неверјството во врската. Врз основа на тоа можете да ја унапредите врската, а не веднаш да ја прекинете.“
„Најлесно е да се раскине врската после неверството, но е многу попаметно да се размисли за сето тоа, па ако постои љубов, се може да се реши.“ – вели таа.
„Во тој случај, ако еднаш се случи а вие се сакате, подобро е да го простите изневерувањето на партнерот и да се потрудите таа дамка да го зајакне вашиот однос и повеќе да не се повтори. Во некои европски земји стапката на разводи е помла поради тоа што луѓето се повеќе толерираат неверство.“ – наведува Силвер.