Категории

Скаменет сончев зрак: Килибар – Талисман на среќата и здравјето

Со векови се верувало дека килибарот има лековити својства а во царска Русија, бебињата и мајките носеле килибар поради заштита од уроци.

Килибар или јантар е фосилна смола која се употребува за изработка на накит и лакирање. Иако не е минерал, затоа што нема кристална структура, се смета за скапоцен камен. Поради можноста да привлекува и собира електрицитет, многумина го сметаат за лековит. Луѓето го ценат затоа што ги извлекува нездравите супстанции од телото и помага во обновување на ткивото.

Талисманот од килибар кој му се става на бебињата не е накит и треба да се внимава да не дојде до негово голтање.

Древните традиции сметаат дека каменот килибар има универзална животна сила, затоа што како што се верува во неговата основа е заробен живот. Научниците баш во килибарот пронашле животни стари и повеќе од 90 милиони години. Неодамна во килибар е откриен фосил од полжав за кој се верува дека е стар 99 милиони години. Најмалку 214 билни растителни врсти се откриени во морфолошката анализа на килибарот, поради што тој го нарекуваат и „прозорец во минатото“.

Главната активна состојка на килибарот е сукцинантна киселина која го успорува стареењето на организмот а најголемиот процент од оваа киселина го содржи балтичкиот килибар (од 3-8%), кои воедно се смета и за најлековит. Оваа киселина го намалува крвниот притисок и ги ублажува воспалителните процеси а испитувањата покажуваат дека е ефикасна и како антибиотик.

Килибарот ги намалува породилните болки, проблемите со зглобовите и болката во грбот, коските и забоболката, а за непријатното чувство да исчезне, потребно е килибарот да го ставите во непосредна близина на болното место. Доколку патите од стрес и раздразливост, се советува килибарот да го носите во џебот. Кога се носи директно на кожата спречува алергии.

Во поедини култури се верува дека килибарот влијае и врз убавината, помага да се ослободите од негативната енергија и поттикнува на оптимизам. Исто така се верува дека штити од радијација од електричните уреди.