Во времето во кое живееме, сме изгубиле поим за тоа колку среќата може да биде едноставна и мала, а овие дела на руските великани поставуваат многу прашања за тоа на кој начин го живееме животот.
Антон Чехов: „Животот е живот, и тоа е се што треба да знаеме“
Луѓето поминуваат време барајќи ја смислата, а Антон Чехов еднаш изјавил дека можеби смислата на животот – е да се живее без никаква смисла и виша цел. Така на својата жена Олга во едно писмо и напишал: „Ако постои виша цел во животот, не е на нас да ја откриеме, туку да набљудуваме.“
Повеќе пати нагласувал дека луѓето стануваат несвесни за туѓата несреќа, и тоа може да има фатални последици на општеството. Зборувал дека секој човек треба да има „своја врата на среќата, но и прозор кој ќе му покажува дека постојат и такви кои се помалку среќни.“
Достоевски: „Луѓето не се и не веруваат во она што го кажуваат“
Колку луѓето се контрадикторни врз себе и се во состојба слепо да веруваат во нешто само затоа што се така научени, се гледа во делото „Злобни души“ на Фјодор Достоевски.
Двата главни ликови Шатов и Стравогин во еден дел од романот разговараат за постоењето на Бог, каде низ расправа Шатов вели дека Русите се поврзани со Бог, а оној кој е атеист, престанува да биде русин. Тогаш Стравогин му одговара: „Сакаш да ми кажеш дека кога математичарите би ти докажале дека верата постои надвор од Христа за да останеш покрај него, а не покрај вистината и верата?“
Само затоа што многумина веруваат во нешто, тоа не мора да е и исправно.
Толстој: „Се е залудно, среќата е во едноставноста“
Толстој како и Достоевски, во своите дела често го опишувал човекот и неговата тенденција и желби. Ткаа, еден од ликовите во „Војна и мир“, Андреј Болконски откако е ранет лежи на бојното поле со французите, и за прв пат ги открива убавините на небото кое се наоѓа над него.
„Се е празно. Се е лага, освен ова бескрајно небо“, рекол Толстој низ ликот на Андреј.
Во времето во кое живееме, сме изгубиле поим за тоа колку среќата може да биде едноставна и мала, а овие дела на руските великани поставуваат многу прашања за тоа на кој начин го живееме животот.