Категории

Како да ја задржите енергијата и да бидете продуктивни во текот на денот

Ако сте уморни цело време, промената во она кое го конзумирате или го правите во текот на денот веројантно е потребна. Секако, нема да можете да остварите се од пописот во исто време, но обидете се да го правите барем она кое можете да го вклопите во вашиот распоред.

-Усогласете се со вашиот биолошки часовник. Наутро имаме најмногу енергија, па ако го преспиете утрото ќе бидете уморни целиот ден. Најмалку енергија имаме навечер, па ако ги оставате најважните задачи за тогаш, ќе бидете константно уморни.

-Конзумирајте ја храната паметно. Јадете чоколадо но ограничете се така што ќе јадете по еден ред во денот. Попладне грицкајте јаткасти плодови, јогуртот и шумското овошје се одличен избор.

-Одмарајте попладне. нека тоа биде кратко, 10-15 минути ви се сосема доволни, подолго од тоа може да има негативен ефект.

-Користете миризливи свеќи со релаксирачки мирис. Лавандата е одличен избор за опуштање.

-Будете се секое утро во исто време, тоа ги вклучува и викендите и слободните денови.

-Бидете паметни со кофеинот. Кафето ве буди но ако претерувате, следниот ден ќе ви биде неиздржлив.

-Избегнувајте енергетски пијалаци затоа што даваат инстант поттикнување на енергијата но потоа кога енергијата ќе спласне, ќе ви се потребни неколку дена за да се опоравите.

-Внесот на витманици е најважен. Внесувајте витамин Ц преку цитрусните плодови и витамин Б кој е клучен, без него во вашиот организам се појавува безволност, умор и раздразливост.

-Започнете да вежбате. За почеток правете лесни вежби кои ќе ве опуштат, па со тек на време вежбајте почесто и понапорно.

-Пред крајот на денот практикувајте топла купка со ароматични масла која ќе ве опушти и ќе направи полесно да заспиете. Квалитетниот сон е клучен за продуктивниот ден.

Прегледи:
554
Објавено на:
18.07.2020