Категории

Не можеш да му се допаднеш на секому затоа што не си универзална димензија и биди среќен поради тоа

Ти не си универзална димензија која се вклопува во сечие срце. Ти не беше создаден за да можеш да се приспособуваш себеси за да исполниш сечии стандарди..

Застани за миг и разбери дека не секој може да те сака и тоа е сосема во ред. Ти не си универзална димензија која се вклопува во сечие срце. Ти не беше создаден за да можеш да се приспособуваш себеси за да исполниш сечии стандарди. Ти беше создаден со единствен облик кој ќе се вклопи само кај некој посебен и никој нема да може да го имитира.

Додека да се појави тоа срце во кое ќе се вклопиш совршено, научи да си бидеш доволен сам на себеси. Немој да несигурен и да се преиспитуваш себеси. Затоа што како поинаку би ја откриле твојата вредност ако постојано им докажуваш дека ја немаш?
Како некој ќе те засака ако постојано им покажуваш дека е невозможно да бидеш сакан?

Сакај го секој единствен дел од себе кој те прави она што си, единствено битие на оваа земја какво никогаш повторно нема да постои.
Еден ден некој ќе се појави и ќе погледне во тебе и ќе сфати дека тоа е она кое толку долго го барал.

Прегледи:
406
Објавено на:
17.07.2020