Категории

„Можеби погрешниот е всушност вистински но на сите погрешни начини..“ – Кукла од Памук

„Останувам нема.
Кога нивните гласови зборуваат
за сите погрешни начини на кои ме љубиш.
Се што слушам се само твоите прсти
како ми танцуваат по вратот.
И секоја последна ноќ кога ќе се заколнев во себеси
дека ќе го заборавам секој инч од твојата кожа
наидував на нов пат кој водеше до неа.
Твоите раце ги миеа солзите една по една,
како никогаш да не сум се расплакала.
И сите тие бакнежи кои не беа кроени за мојата кожа,
ги носев како бисери,
како солени рани..
Но сеуште сум нема.
Начинот на кој ми треперат колената,
и здивот кој го губи патот до моите дробови
секогаш кога ќе погледнеш низ мене,
чувствувам дека никој не го прави тоа подобро.
Знам дека сето тоа е погрешно,
и понекогаш толку проклето посакувам
да погледнеш во мене наместо низ мене..
Но понекогаш сум среќна.
Можеби погрешниот е всушност вистински
но на сите погрешни начини..“

Следете за повеќе: https://www.facebook.com/kuklaodpamukblog/

Прегледи:
601
Објавено на:
17.07.2020