Категории

Голема летна распродажба во Скопје Сити Мол

Долгото и топло лето направи Skopje City Mall да обезбеди уште пониски, односно навистина намалени жешки цени на своите посетители. Овој период во Скопје Сити Мол започнуваат најголемите попусти и промоции кои продавниците ќе ги понудат на летните колекции.

„Летниот период е секогаш атрактивен за шопинг, затоа заедно со закупците се погриживме нашите посетители да уживаат во намалени цени, големи акции и промоции.
Овие попусти се очекувани од јавноста кога се работи за пролет/лето колекциите. Попусти има во скоро сите продавници низ трговскиот центар, традиционално следејќи ги светските трендови во овој период започнаа последните најголеми намалувања на
колекцииите. Затоа ги повикуваме сите посетители и љубители на шопингот во овие летни денови да не посетат и да уживаат во големиот избор кој им го нудиме.“ – изјавија од трговскиот центар.

Оваа акција е последна акција во која ќе можат да се купат производи од пролет/лето колекциите по пониски цени, а во неа учествуваат речиси сите продавници од трговскиот центар. Таа доаѓа паралелно со периодот кога речиси насекаде во светот започнува големата летна распродажба или ликвидација на парчиња по супер ниски цени. Овие летни попусти се причината заради која купувачи не можат да го сокријат задоволството од големата понуда на различни производи по екстремно намалени цени.

Следејќи ги принципите на големите продажни акции во најпознатите трговски центри насекаде низ светот, Скопје Сити Мол за љубителите на шопинг, но и сите оние што со задоволство своето слободно време го поминуваат во трговскиот, овозможува чиста и
безбедна средина. Скопје Сити Мол комплетно се прилагоди на новите околности и во најголемиот затворен трговски центар во државата практично се функционира по правилата кои гарантираат безбедност, а вооедно беше и сертифициран од интернационалната организација ‘’Safe Shopping Centers’’ како безбедна дестинација која ги имплементира сите мерки на претпазливсот во својот објект. Без турканици во чиста и дезинфецирана средина посетителите сведочат дека немаат проблем и се чуствуваат безбедно во Скопје Сити Мол.

При посета на трговскиот центар задолжително е носење на маска.
Уживајте во шопингот!

Прегледи:
565
Објавено на:
23.07.2020