Категории

“Иднината на образованието во време на коронавирус” – Американска Гимназија Скопје

Предизвик за иднината: средно образование во време на коронавирус
Иднината на образованието во периодот што претстои е тема која веќе подолго време ја
преокупира јавноста. Родителите се загрижени, а децата збунети. Социјалните мрежи се
преплавени со дискусии за последиците од промените поврзани со коронавирусот,
ефектите на ограничената социјализација, како и со анализи на можните сценарија за
евентуално продолжување на наставата.
Поаѓајќи од тоа дека здравјето е најважно, поборниците на онлајн образованието тврдат
дека наставата може солидно и задоволително да се изведува и преку компјутер, додека
пак другите се загрижени за недостатокот од социјализација на децата и комплексните
животни и семејни услови што треба да се создадат, со цел непречено одвивање на
наставата. Идеално решение се уште не постои, на жал и на родителите, но и на
учениците. Сите сакаат што поскоро да се вратат во училишните клупи, но, во ситуација на
се повисоки и повисоки бројки на заразени, тоа е навистина тешко изводливо.
Имајќи го сето ова на ум, уште од самиот почеток на кризата, во Скопје почна да
функционира еден т.н. хибриден концепт за средно образование, кој го спроведе
Американската гимназија. Имено, станува збор за специфичен начин на одвивање на
онлајн настава, кој целосно ги инволвира и ги мотивира учениците, го одржува нивото на
квалитет во наставата и знаењето кај децата, а притоа го сведува ангажманот на
родителите на минимум.
Наставата почнува секој ден во 8.00ч., исто како и во училница. Учениците си стануваат
како и вообичаено, секое утро во исто време, и седнуваат пред своите монитори.
Благодарение на брзата обука за онлајн настава, како и долгогодишното искуство,
професорите се максимално посветени на предавање и претставување на наставните
содржини на начин кој најлесно ќе го привлече вниманието на децата, но и ќе придонесе
за брзо и ефикасно стекнување знаења.
Се работи во мали групи, што овозможува поголема посветеност на професорите кон
секој ученик, како и индивидуален ангажман во зависност од потребите на ученикот, што,
во услови на онлајн учење, е од посебно значење. Дополнително, софтверската
платформа што се користи – Webex, овозможува високоинтерактивен пристап и непречена
комуникација професор-ученик, речиси еднаква како онаа во училница. Со ваквиот
пристап, учениците навистина се инволвирани, дисциплинирани и работливи, што на крај
резултира со високо ниво на стекнати знаења дури и во услови на онлајн учење. Самите
ученици пак, се поттикнати да комуницираат меѓу себе и да работат тимски, со што се
негува оној социјализациски момент што на сите нам ни недостига периодов, а за нив е
од посебно значење. Она што е исклучително важно е што ангажманот на родителите е
сведен на минимум, што придонесува не само за поголема активност на децата, туку и овозможува непречено функционирање на родителите и извршување на останатите
приватни и професионални обврски.


Ваквиот пристап во учењето беше повод за голем број на родители да ги префрлат своите
деца во Американската гимназија. Барајќи подобар образовен систем за своите деца, а
притоа согледувајќи ги предностите од хибридното учење, како и менувањето на
животните услови и навики на светско ниво, сѐ поголем е бројот на современи родители
кои увидуваат дека оптимално решение, и со цел зачувување на здравјето, и со цел
обезбедување квалитетно образование, е токму хибридната настава. Еднакво загрижени
за здравјето, успехот и знаењето на своите деца, како и за перспективите во иднина,
родителите брзо увидоа дека АХСС брзо и без прекини се прилагоди на новонастанатата
ситуација и веднаш понуди подобро организиран систем, кој нуди максимум од
постоечките услови.
Американската Гимназија Скопје е отворена за сите заинтересирани, во секоја наставна
година, и Ве поканува да се запознаете со овој ефикасен пристап во учењето. Со надеж
дека наскоро ќе се воспостави некаков начин на живот близок до предпандемскиот, во
кој учениците ќе можат слободно и безгрижно да учат во училница, Американската
Гимназија Скопје останува посветена на добросостојбата на сите инволвирани во
образовниот процес и работи континуирано со цел обезбедување висококвалитетно
образование за генерациите што доаѓаат.

Прегледи:
588
Објавено на:
27.07.2020