Разговарањето сами со себе е добро велат психолозите, тоа ни помага да пребродиме стресни ситуации
Водењето на внатрешен монолог е задржување на здравиот разум во стресни ситуации, и никако не е знак на лудило, тврдат британските психолози.
Колку пати сте се фатиле себеси во момент наутро да си кажете наглас на себе: „Ајде, станува и оди на работа“? или во текот на денот „Сега треба да го направам ова“..
Тоа не е ништо невообичаено и не треба да ве плаши! Особено доколку сте изложени на стрес или сте нервозни поради нешто. Не сте полуделе, не грижете се.
Стручњаците објаснуваат дека голем број луѓе имаат свој внатрешен глас кој ги води, мотивира и фали но и им се потсмева.
Тој глас цело време „живее“ во нашите глави и повремено не сме свесни дека тој глас го изговараме – наглас.
Си даваме упатства на себеси
Постојат неколку научни објаснувања зошто доаѓа до тоа. Во книгата My Stroke of Insight како главна причина се наведува дека тоа не е знак на лудило туку начин на кој на мозокот му даваме упатства и наредувања, и мозокот е повеќе фокусиран.
Психолозите наведуваат дека тоа е говорот кој автоматски го користиме уште од раното детство.
Тоа го прават и децата
И децата често разговараат сами со себе и тоа инстинктивно, како еден од начините на кој учат, велат психолозите. Меѓутоа, околината поради незнаењето како деца не замолчува и ни вели да не зборуваме сами со себе, поради верувањето дека се работи за пореметување.