Категории

РЕЦЕПТ: Вкусен здрав појадок – Тофу кајгана

Протеински појадок кој не содржи јаглени хидрати и има здрава количина добри масти.

Јајцата се супернамирница и спаѓаат во најдобрите извори на протеини кои можете да ги пронајдете во маркет. Сепак, оваа кајгана има уште многу предности заедно со разни аминокиселини кои овозможуваат правилна регенерација на мускулното ткиво, значаен потрошувач во човечкото тело кој не дозволува насобирање на наслаги. Покрај тоа, ова јадење задоволува околу 40% од дневните потреби за калциум, важни нутриенти за отстранување на масните наслаги. Затоа, ако сакате здрав и моќен појадок кој нема да ги оптерети нити крвните садови нити стомакот, тофу-кајганата со куркума е одличен избор.

Рецепт за 2 особи:

  • Тврд тофу, 1 блок
  • Куркума ¼ лажичка
  • Прстофат црна сол
  • Прстофат бел лук во праф
  • 2 печени портобело печурки
  • Една рака cherry домати, печени
  • ½ Авокадо исецкано на парчиња

Подготовка:
1.Комбинирајте го тофу со зачините и помешајте со вилушка.
2.Распоредете го на плех со хартија за печење и печете 10-15 минути на 160 степени. Во меѓувреме, испечете или испржете ги печурките и доматите со малку масло, сол и бибер.
4.Сервирајте со авокадо за протеински појадок кој не содржи јаглени хидрати и има здрава количина добри масти.

Прегледи:
1194
Објавено на:
18.08.2020