Секако не се сите мажи исти, но со наведените нешта сигурно би се сложиле голем дел, ако не и сите. И оние кои не сакаат да го признаат тоа.
-Слободно биди поинаква. Тоа ќе го направи горд, дури и ако некој друг смета дека грешите.
-Во шорц и патики му изгледате одлично. И таа памучна спортска маица многу му се допаѓа.
-Голо рамо му е едноставно неодоливо.
-Ако мислите дека вози премногу брзо, треба да го видите каков е кога не сте вие во колата.
-Ако си заинтересирана, тој не сака да глумиш неосвојива.
-За него шопингот е обврска а не активност.
-Ако нешто згреши, слободно можеш да му кажеш – но само еднаш.
-Сака да ти биде згоден тебе, а не на твојата пријателка или колешка.
-Не треба да се плашите да ја отстраните шминката. Природниот изглед го смета за сексапилен.
-Оставете ги веѓите на мир. Премногу тенките веѓи не му се привлечни.
-Можете да спиете со него кога и да посакате.
-И тој сака да се држите за рака и да се прегрнувате, и тоа не мора секогаш да води кон секс.
-Понекогаш лаже за да ви угоди. Немојте да се лутите на тоа и онака не сакате да ја слушнете вистината.
-Ако понуди помош додека се подготвувате, тоа значи дека премногу доцните.
-Тој сака да ве покажува и да се гордее со вас пред другите.
-Тој зака мини здолништа. Не мораат да бидат баш мини, но сака здолништа.
-Можете да изберете филм, но имајте разбирање.
-Секогаш кога ќе му зготвите нешто, тој е среќен.
-Сака кога се дружите со неговото друштво.
-Мажите не трчаат исклучиво по згодни девојки, всушност, преферираат уредни и нормални девојки.
-Ако вистински му се допаѓате, ќе ги игнорира сите ваши лоши карактеристики.