Новата училишна година се ближи. Иако кај нас се уште не се знае каква ќе биде ситуацијата, на многу места во светот веќе е познато дека ќе се има настава во живо. Меѓутоа, скоро секаде ќе биде со рестрикции и со дистанца.
Иако децата се паметни мали човечиња, сепак, за голем дел од нив наставата на дистанца може да биде нова, застрашувачка, и да се чувствуваат како сега светот да е ладно место. Затоа, овие наставници од петни жили се потрудиле да направат дистанцата да биде одржувана на креативен, забавен и интересен начин.
1. Ученици во Кина ќе носат крилја за да ја одржуваат дистанцата.
2. Ова не е изработка на учител, туку на татко на ученик. Со ногата притискаш и ти капнува средство за дезинфекција – без да мора да го допираш пакувањето на средството со раце.
3. Овие дечиња ќе се чувствуваат како морнари додека се одржува дистанцата.
4. А, овие дечиња ќе бидат на плажа. Со мислите :)
5. Овие дечиња ќе „возат“ малечки автомобилчиња додека одржуваат дистанца.
6. Инспирирани од капите кои се носеле во XIII век за да се спречи оговарање во Сонг Династијата во Кина, овие ученици ќе носат капи кои ќе ги спречуваат да пренесуваат вируси (веројатно и да оговараат)