Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 27 АВГУСТ 2020 ГОДИНА

Шкорпиите ги очекува патување во странство кое ќе има добар исход, Водолиите ги очекува романтична љубовна средба во вечерните часови, а Рибите ќе постигнуваат се што ќе посакаат без голема мака..

ОВЕН
Имате впечаток дека околностите се против вас и најверојатно сте во право. Држете се настрана и не залетувајте се во ризици. Доколку сте во брак или заедница, сметате дека саканата личност нешто премолчува. Проблеми со варењето.

БИК
Јасн е дека не гледате се на вистински начин. Во деловната комуникација и самите можете да бидете малку нејасни и недефинирани. Ќе запознаете интересна личност од соседството. Можни се проблеми со уриналниот тракт.

БЛИЗНАЦИ
Доста тежок ден е пред вас. Можни се поголеми трошоци или некоја материјална штета. Внимавајте. Исклучително сте загрижени за своето финансиско поле и работа, така да односот со саканата личност паѓа во втор план. Посетете лекар.

РАК
Лесно може да се случи некоја измама или кражба на ваша сметка. Немојте да влегувате во било каков вид на шпекулации. Разочарани сте и во вас навираат негативни емоции. Ќе ви биде потребно некое време за нова љубов. Уморот ве следи.

ЛАВ
Немојте да се занимавате со деловните задачи денес. Вашите идеи не се довршени како што треба и не се подготвени за презентација. Иако сте мислеле дека сте подготвени за прекинување на некоја врска сега се колебате. Психички сте доста напнати.

ДЕВИЦА
Изгубивте доверба во некој соработник, најверојатно во личност родена во земјен знак. Иако умеете да бидете издржливи и толерантни кога вистински сакате, сега на некој начин сте дошле до границата на трпеливоста. Стрес и нервоза.

ВАГА
Можни се некои мали расправии со надредените или некој од нив кој не го исполнил ветувањето кое ви го дал. Дистанцата која владее помеѓу вас и вашиот партнер тешко ви паѓа но се сте свесни дека сега зависи се од него. Внимавајте на грбот.

ШКОРПИЈА
Доколку планирате да патувате далеку во странство имате шанси за добро поминати мигови. Во спротивно подобро е да бидете дома. Ви се допаѓа една сестрана и необична личност која има нагласени уметнички таленти. Внимавајте на циркулацијата.

СТРЕЛЕЦ
Ве загрижуваат трошоците кои се пред вас и се надевате дека ќе можете да ги регулирате во вистинско време. Можно е да почнете да се сомневате дека во вашата врска не е баш се онака како што изгледа. Можни се воспаленија и инфекции.

ЈАРЕЦ
Имате впечаток дека вашите деловни соработници не можат да го следат вашето темпо и на некој начин ве успоруваат. Во бракот повеќе не сте среќни, сите го знаат тоа но најтешко е да си признаете на самите себеси. Не е поволен ден за почеток на врска. Внимавајте на бубрезите.

ВОДОЛИЈА
Денешниот ден не е претерано поволен за работа, особено ако сте планирале поголеми промени. Можете да очекувате интересна љубовна средба во вечерните часови. Пред вас има многу романтика. Проблеми со притисокот.

РИБИ
Пред вас е генерално добар ден. Се што ви е потребно и што барате можете да го добиете без голема мака. Ве очекува понуда за сериозна врска со личност во која немате доверба од некоја причина. Чувствителни стапала.

Прегледи:
878
Објавено на:
27.08.2020