Како да се заштитите себеси од болка и скршено срце? Иако звучи тешко и недоверливо, всушност постојат начини кои можат да ви помогнат да спречите вашето срце да биде скршено.
Но она кое мораме да ви го соопштиме е дека некои од нив ако не и повеќе нема да ви се допаднат и ќе биде доста тешко да ги испочитувате, но доколку сте вистински подготвени и не сакате да ризикувате да бидете повредени, тогаш имајте ги на ум.
1.Не можеш никого да убедиш и да го натераш да те сака
Првото правило кое морате да го прифатите и кое ќе ви помогне да се заштитите себеси од болка е да прифатите дека еднсотавно не можете да натерате некој да ве сака. Можете да се обидите, но порано или подоцна ќе заклучите дека присуството на личноста почнува да ви станува болно со оглед на тоа што таа не ви ги возвраќа своите чувства, па најдобро е да заминете и да пронајдете некој кој ќе ве утеши.
2.Слушајте што има да каже за поранешната љубов
Ако зборовите се огорчени, лути, навредливи, тогаш постојат повеќе од јасни докази дека таа врска сеуште не е во потполност завршена и расчистена. Или таа личност има проблем самата со себе што е најверојатно, или ќе биде исто толку критична, строга и без почитување во следната врска односно спрема вас.
3.Не прави го она кое не го прават нити за тебе
На оваа реченица не и е потребно никакво објаснување и додавање. Оној кој не е способен да ги прави нештата за вас кои ви сте подготвени да ги направите за него без „око да ви трепне“, едноставно не е вреден за тоа и треба да ви биде јасно дека вие сте единствените кои вложуваат во таа врска и таа е еднострана.
4.Кога личноста делува незаинтересирано, нема потреба од објаснување – незаинтересирана е
И колку да посакувате да биде поинаку. Евентуално можеш да пробаш да и досадуваш па да видиш како изгледа кога ќе биде лута.
5.Не можеш да спасиш или поправиш никого
Оние кои бараат спас, ќе успеат во тоа самите, ако можеш да учествуваш во тоа тогаш тоа е привилегија и одговорност но не е твоја заслуга. Ако некој сакаш да го поправиш, тогаш почнуваш од претпоставката дека е – расипан. Прифати ги луѓето онакви какви што се, а не како што посакувате да бидат.
6.Не се заљубувај во потенцијал
Лесно е да се каже, но за емпатичните и чувствителните жени, ова би требало да биде прва љубовн заповед.
7.Научи да кажуваш НЕ.
Не мораш да бидеш љубезна, да се правдаш, објаснуваш и обидуваш да не повредиш некого со своето одбивање. Доволно е јасно и недвосмислено да одбиеш. Како другата личност ќе се носи со тоа е нејзин проблем а не твој. Твој е да научиш да бидеш горда на себе што умееш да поставиш граница.
8.Подобро да бидеш сам отколку во лоша врска
Понекогаш самотијата е досадна но тоа не значи дека мораш да влеташ во површна, бесмислена и несоодветна врска само затоа што немаш ништо попаметно. Докажана е мудроста дека не можеш да пронајдеш личност со која ќе бидеш задоволна ако веќе не си задоволна со самата себеси и својот живот.