Ако некогаш сте и купиле на вашата мачка необичен кревет за мачки или скапа кула за мачки, веројатно сте ја нашле мачката како си ужива во кутијата, која доаѓала заедно со креветот или кулата.
Мачката едноставно не може да одолее толку многу да се стисне во тесни места или кутии, така што постои едно меме „Ако одговарам, седам“.
Всушност, постојат неколку можни причини зошто само ги обожаваат овие мали ќошиња, според експертите.
Ние сме љубопитни за причините за чудното (но преслатко!) однесување на нашите пријатели мачки и сигурни сме дека сте и вие. Па еве неколку од нив:
- Тие го избегнуваат студениот под.
- Кутијата е безбедно скривалиште.
- Мали, но високи места им даваат предност.
- Да се биде во мал простор ги смирува.
- Се чувствуваат како некој да ги гушка.
- Понекогаш сакаат само да спијат непречено.
- Тие буквално може да се кријат од своите проблеми.
- Тие се природно љубопитни.