Дали го сакаме тоа или не, моменти на глупавост се случуваат секому. Во човековата природа е да сме понекогаш глупави. Не е ништо ново тоа. Но, смешното е кога ќе видиме дека некој е глупав на сосема наредно ниво.
Кога еден корисник на Редит го поставил прашањето: „Кој беше Вашиот „Овој е глупав на следно ниво“ момент?“, доби 67.9 илјадници лајкови, а и многу смешни приказни во коментари. Подоле може да прочитате некои од нив.
- Еден другар ми објаснуваше колку мрази компири, додека јадеше помфрит. Буквално не можев да го разубедам дека помфритот е исто така компир.
- Јас сум идентичен близнак, и имам одговарано на многу глупави прашања. Но, најглупавото беше кога една девојка ме праша дали јас и брат ми се мешаме еден со друг. Ја прашав: „Дали ме прашуваш дали понекогаш мислам дека сум брат ми!?“. На тоа таа ми одговори: ДА!
- Колега на работа кажуваше како купил туш со слаб притисок и како сега ја полнел цела када без да се чувствува криво, бидејќи ВАКА ТРОШЕЛ ПОМАЛКУ ВОДА.
- Додека работев во продавница, една жена дојде на каса. Откако ја искуцав продажбата, жената налутено ме праша:
-Зошто е ова 20 долари?
-…бидејќи тоа му е цената? – одговорив збунето
– Но, на влезот пишува дека сите маици се со 50% попуст.
-Да, госпоѓо, но ова е КАПА.
- Пред некое време имав потрес на мозокот. Еден пријател не сакаше да ме посети, од страв да не се зарази.
Не се шегуваше.
- На час по историја гледавме документарец за тоа како некои луѓе во Африка живеат. Една девојка бараше на пола филм да се прекине, бидејќи не ѝ се веруваше дека тоа е документарец и дека луѓе вистински живеат така,и мислеше дека на Историја гледаме фиктивен филм. Едвај ни поверува по пола саат уверување“.
- Имав другар кој поверува во лажните реклами на Apple кои тврдеа дека ако го ставиш i-phoneот во микробранова печка, инстантно ќе ти се наполни. Никако не ми веруваше дека е лага. По неколку дена дојде на училиште со нов телефон…
- Работам во национален парк (не во зоолошка градина). На неколку наврати ме имаат прашано каде ги чуваме животните навечер.
- Познавав девојка која што беше убедена дека „север“ е било која насока кон која што си свртен во моментот.