Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 8 СЕПТЕМВРИ 2020 ГОДИНА

Денес Рибите ќе се разбудат свежи и подготвени за нови победи, за Биковите денес е идеален ден за релаксација и опуштање, а Лавовите треба да организираат мала домашна забава..

ОВЕН
Време е за проценка на задоволството со вашата работа и дали постојат шанси за напредок. Односите со колегите можат да бидат и подобри. Денес ветивте дека ќе му помогнете на партнерот, немојте да го прекршите ветувањето.

БИК
Денес е вистински миг за релаксација и опуштање. Завршивте речиси се што сте наумиле, а она што не сте успеале оставете го за некој друг ден. Морате да одлучите дали ќе ви поважна работата или љубовта. Едно од тие два аспекти мора да биде на второ место.

БЛИЗНАЦИ
Сериозноста е она што другите го почитуваат кај вас, но покажете дека имате и друга, духовита страна од личноста. Работете на својата љубовна врска и градете доверба постепено. На тој начин врската ќе стане уште посилна.

РАК
Доколку сакте другите да ве сметаат за силна личност, морате и вие да се сметате себеси за силна и цврста личност. Вашиот партнер е доста поемотивен од вас, пружете му поддршка во дела а не само во зборови.

ЛАВ
Познаниците мислат дека сте арогантни, денес е вистинско време да ги уверите во спротивното. Организирајте мала домашна забава и поминете си добро. Денес е време за љубов. Имате среќа во љубовта и ќе успеете да го остварите она кое го посакувате. Само одете со ситни чекори, тие се најважни.

ДЕВИЦА
Немојте да го занемарите она кое колегите ви го замеруваат. Тоа го прават со најдобри намери. Можете да станете подобра личност само подеднакво ги цените другите и себеси. Немојте да се ставате себеси на прво место.

ВАГА
Овој ден не може да спречи да го направите она кое сте го планирале. Здружете се со колегите со цел да имате видливи резултати што побрзо. Љубовта за вас не смее да биде навика. Желни сте за нови авантури и возбуда, и наскоро ќе можете да го учекувате тоа. Немојте да се задоволувате со мали нешта, целете кон високо.

ШКОРПИЈА
Друштвениот живот не смее да биде запоставен па затоа секогаш може добро да ви дојде запознавање на нови луѓе и да чуете нешто ново. На тој начин луѓето се усовршуваат. Со стекнување на нови искуства го збогатуваме нашиот живот. Иако сте чувствителни, тоа не сакате да го покажувате често. Можеби денес е време да го покажете и тој дел од вашата личност спрема особата која ја сакате.

СТРЕЛЕЦ
Работата е сериозно нешто, но денес не сте баш расположени да бидете сериозни. Почитувајте ги другите како што тие ве почитуваат вас. Тоа може да се направи преку несериозен разговор. Доколку барате нов партнер, денес ќе бидете пријатно изненадени од вестите на блиска личност. Но добро размислете за таа понуда.

ЈАРЕЦ
Бирањето на нова работа денес не е лесна задача за вас, но морате да почнете навреме да размислувате за тоа. Што повеќе чекате, тоа повеќе проблеми ќе имате подоцна. Партнерот бара повеќе почит од вас и вие знаете дека е во право. Издвојте барем час од вашето време денес и дајте му го на партнерот она кое го сака. Било да е разговор или масажа.

ВОДОЛИЈА
Најинтересните денови на работното место штотуку ви претстојат, а денес е само почеток. Очекувајте нови возбудувања и нови деловни задачи. Не сте расположени за флерт, обидете се да го кажете тоа на културен начин на луѓето околу вас. Барате нешто што во овој миг не е достапно.

РИБИ
Се разбудивте свежи и подготвени за нови победи. Потрудете се такви да останете преку целиот ден. Нема нови случувања на љубовен план, приоритети ви се некои други нешта моментално.

Прегледи:
788
Објавено на:
08.09.2020