Категории

Како да направите најдобри фотографии од зајдисонца и изгрејсонца

Има нешто прекрасно и магично во врска со изгрејсонца и зајдисонца. Иако технички се случуваат секој ден, сепак импресионирани сме секогаш кога ќе ги видиме.

Можеби зборувам само за себе, но никогаш не ми е доста од фотографии од изгрејсонца и зајдисонца на социјалните медиуми. Иако не е најоригинална фотка што можете да ја направите, сепак оној момент дека некој си застанал, и неколку минути уживал во природата и сакал да ја фотографира – има доза на убавина во себе.

Постојат начини како да предвидите дали ќе има изгрејсонце вредно за аларм во 5 наутро, или зајдисонце за кое ќе вреди да излезете од втора смена на работа за да го фатите.  Сите начини се поврзани со проверување на временските услови и доверба во метеорологијата :)

Висока видливост

Совршената видливост (16-тина километри) ви дозволува да ја фатите целосната убавина на небото. Магливото утро или заоблачена приквечерина ќе ви го блокираат погледот.

Делумно облачно небо

За да се добијат оние волшебни розови, виолетови, портокалови и црвени бои асоцирани со зајдисонца и изгрејсонца, мора да има нешто во кое што сонцето ќе се рефлектира и рефрактира. Кога сончевите зраци сретнуваат сиви или бели облаци, зраците се рефлектираат од облаците и произведуваат вибрантни бои. Тенки облаци (цирус, алтокумулус или цирокумулус) кои покриваат 30-60% од небото се најсовршени.

Ниска воздушна влажност

Што повеќе влага има во атмосферата, толку послаби ќе бидат боите. Во есен и зима има убави зајдисонца и изгрејсонца бидејчи возушната влага е ниска.

Ниски брзини на ветрите

За делумниот облак да остане подолго време на едно место, потребни ни се спори ветрови. Многу ветровити денови значат дека облаците брзо ќе бидат разбркани од небото.

Прегледи:
791
Објавено на:
09.09.2020