Категории

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 12-13 СЕПТЕМВРИ 2020 ГОДИНА

Денес Шкорпиите ќе делуваат неодоливо, Лавовите ќе претеруваат со својата радозналост, Јарците нема да успеат да привлечат нечие емоционално внимание..

ОВЕН
Им делувате недоверливо на вашите соработници и барате нови информации со цел на време да ги разјасните вашите дилеми. Деловното недоразбирање од порано би можело да кулминира на ваша штета, бидете внимателни на кому што му ветувате.
Ја тестирате нечија наклонетост а при тоа користите премногу субјективни мерки. Не бидете нестрпливи и неправедни спрема блиска личност. Осцилации во расположението.

БИК
Понекогаш е тешко да се контролира и строго насочува деловниот договор, но договорот претставува најдобра гаранција за заеднички успех. Обрнете внимание на личноста која ве набљудува со заљубен поглед и топла насмевка на усните. Планирајте нова љубовна средба. Здравјето е добро.

БЛИЗНАЦИ
Потребно е да се управувате според утврдени стандарди, затоа што нечии ветувања не претставуваат гаранција за деловен успех. Некој може да ве изненади на лош начин и без објаснување за своите постапки.
Подбро е да ја прифатите идеата на партнерот отколку да правите љубовни сцени. Избегнувањето на вистината е погрешен избор. Здравјето е одлично.

РАК
Потребно е да го сочувате личното достоинство во друштво на соработниците. Бидете доволно храбри во соочување со нивните барања. Тестирајте ги своите професионални способности во различни прилики.
Не можете да останете рамнодушни спрема нечија појава и постапки. Чувствувате емоционална тензија и незадоволство. Внесувајте повеќе витамини.

ЛАВ
Претерувате со својата радозналост или во потребата да се вплеткате во нечии деловни планови. Претераното истакнување пред соработниците привлекува и негативни коментари. Губите енергија на некои споредни ситуации. Потребно е правилно да ги решите своите емоционални дилеми пред некој да ве доведе до свршен чин. Одмарајте повеќе.

ДЕВИЦА
Доколку се грижите да го подобрите односот со деловните партнери, прифатете нечиј совет и променете ја вашата досегашна стратегија.
Во средва со саканата личност смислете забава која одговара на заедничките потреби и вкус. Посакувате ново емоционално зближување. Повеќе шетајте.

ВАГА
Се обидувате да разрешите различни несогласувања и изненадни проблеми во комуникацијата со деловните партнери. Некој се труди да ве увери во своите добри намери но не постои доказ кој вас би ве убедил. Не можете да се помирите со нечија емотивна улога, но со тек на време ќе видите дека премногу строго оценувате некоја блиска особа. Чувајте се од вируси.

ШКОРПИЈА
Доколку сте незадоволни со нечие однесување, размислете за воведување на нов режим или ефикасен деловен разговор. Најлесно е вината да ја префрлите на другите, но на таков начин не ја решавата комплетната ситуација во своја корист. Чувствувате нов талас на емоционална инспирација. Вашата појава делува неодоливо. Внимавајте на здравјето.

СТРЕЛЕЦ
Оптеретени сте со различни обврски, немате доволно трпение во исчекување на нечија услуга или одговор. Вашиот деловен статус може да се промени на подобро, под услов да ве заштити една влијателна личност.
Посакувате повеќе емоционално разбирање. Планирајте средба со блиска личност акоја ве поттикнува на позитивно расположение. Преосетливи сте.

ЈАРЕЦ
Сплет на околности влијае на моменталната ситуација на деловната сцена но нема причина за претерана загриженост. Размислете за алтернативно решение. Понекогаш треба да се обидете со нешто ново или необични идеи. Опуштете се.
Не успевате да привлечите нечие емоционално внимание, дури ни со помош на разни трикови кои сте ги смислиле. Не сте во најдобра форма.

ВОДОЛИЈА
Нема потреба упорно да заговарате нова идеа која предизвикува незадоволство кај блиските соработници. Препуштете на другите да се натпреваруваат во ситуации кои го надминуваат вашето знаење или професионално искуство. Со своето однесување оставате впечаток на блиска личност. Не можете да очекувате некое чудо на љубовен план ако не се ангажирате добро. Добро се чувствувате.

РИБИ
Доколку ве иритираат нечии ставови и однесување, избегнувајте нова расправа. Премногу ароганција од ваша страна може да ги комплицира деловниот договор. Понекогаш треба да ги оставите некои работи во тишина. Често умеете да идеализирате одредени случувања. Вашата емоционална несигурност поттикнува преголеми желби кои моментално не умеете да ги канализирате. Обрнете внимание на зајакнување на имунитетот.

Прегледи:
797
Објавено на:
12.09.2020