Некои луѓе се харизматични и така склопуваат нови пријателства, додека други се интровертни и тешко стекнуваат доверба кај другите. Да се биде допадлив за другите луѓе можеби не е цел на секого, но секако постојат бројни предности во тоа другите луѓе да не перцепираат како особа со која е убаво да се поминува време.
Ако сметате дека би можеле уште повеќе да работите на својата допадливост, во продолжение ви споделуваме три нешта кои би требало да ги промените кај своето однесување со цел да им се допаднете на другите луѓе.
1.Слушајте го внимателно вашиот соговорник
Луѓето сакаат кога другите ги слушаат. Не постои подобар начин да стекнете нечија наклонетост од тоа да покажете интерес за она кое има да го каже и на крајот обавезно да поставите прашање во врска со тоа што го зборувала. Секако, се треба да се надополни со соодветен говор на телото кој го сигнализира вашето внимание.
2.Откријте што имате заедничко со другите
Луѓето најмногу се поврзуваат кога имаат нешто заедничко. Тоа би можело да биде на пример – исто потекло, образование, хоби, ставови околу некое прашање. На вам ви останува да откриете што е она кое го имате заедничко со вашиот соговорник, а кога ќе го дознаете тоа, вашиот однос ќе се развива без голем напор.
3.Немојте да е жалите
Ако нешто ви смета и тоа го споделувате со другите, неизбежно е дека ќе пронајдете личност на која и смета истото нешто. Ним секако ќе им бидете симпатични во тој миг, но ако тоа ви премине во навика постојано да се жалите за нешто, бидете сигурни дека порано или подоцна ќе станете напорни за другите и тие ќе се трудат да ве избегнуваат колку што можат повеќе.