Категории

12-годишно девојче кое си го реновирало семејниот дом, трошејќи околу 100 долари

Една 12-годишна млада дама немала што да прави во карантинските денови, па мајка ѝ ја замолила да ѝ помага околу домот. Но, малечката направила многу повеќе од тоа.

Susie Levache од Кент, Велика Британија, вика дека нејзината ќерка Bea е одлучна, бунтовна, забавна и креативна, па сосема е природно што сакала на паметен начин да го искорисни вишакот време.

„Во текот на карантинот, се жалеше дека ѝ е здодевно, а јас се обидував да реновирам дел од домот. За да не се жали, ѝ дадов да ми измери еден ѕид на кој планирав да ставам панели. Потоа и покажав како да користи рачна пила и други алатки. За недолго време, таа сама ги имаше направено дрвените панели!“ – вика мајката.

Набрзо, малечката мајсторка решила да го преуреди остатокот од домот, а мајка ѝ со радост ѝ помагала и ја подучувала низ процесот. Наскоро, Bea ја надминала мајка си со направи-сам вештините за реновирање.

Повеќе слики можете да видите на нивниот Инстаграм профил

 

Прегледи:
783
Објавено на:
22.09.2020