Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 23 СЕПТЕМВРИ 2020 ГОДИНА

Денес Биковите ќе зрачат со позитивна енергија, Стрелците ќе се опуштат со пријателите а Водолиите ќе бидат инвентивни..

ОВЕН
Задоволни сте од финансиите. Ви стигнува добивка која ќе ви го поправи расположението и ќе ве инспирира за понатамошната работа. На партнерот му годи вашето внимание, но не е сигурен дали е во прашање фаза во врската или вашето внимателно однесување ќе потрае. Време е за посета на стоматолог.

БИК
Зрачите со позитивна енергија затоа што имате впечаток дека знаете се и можете се. Имате исправно мислење дека партнерот е студен кон вас. Внимавајте на главата, постои можност да добиете температура.

БЛИЗНАЦИ
Свесни сте дека во минатото сте донеле брзоплети одлуки кои сега ви пристигнуваат на наплата. Имате нагласена потреба за партнерот и инсистирате да ви се посвети исклучиво на вас. Што се однесува до физичката состојба, во лоша кондиција сте.

РАК
На деловно поле комуникацијата ви претставува потешкотија. Љубовната област ве прави незадоволни. Свесни сте дека вашите емоции исчезнале и се надевате дека партнерот ќе го забележи тоа, дека ќе избегнете разговор во врската. Здравјето е солидно.

ЛАВ
Ако се занимавате со приватен бизнис, сте стигнале до крајот односно никогаш не било полошо. Поради проблемите на работното место имате намалена самодоверба а тоа се одразува и на вашата емоционална сфера. Во психолошка смисла сте склони кон депресија.

ДЕВИЦА
Незадоволството од работното место ве поттикнува да се ангажирате во тоа да започнете потрага по нова работа. Лошата комуникација со партнерот ве убива психички. Рефлексите ви се слаби, подобро е да не брзате за да избегнете непотребни проблеми.

ВАГА
Непланираните тешкотии го успоруваат процесот на работа. Потребна ви е емотивна поддршка и барате од партнерот да ви се посвети исклучиво само на вас. Што се однесува до здравјето, коските ви се чувствителни а постои можност за повреди.

ШКОРПИЈА
Се прашувате до кога ќе вложувате во работата во која не се гледаат резултати. Ве чека динамичен и емотивен ден поради нервоза со партнерот и потребата да се испразни. Дишните патишта ви се прилично чувствителни.

СТРЕЛЕЦ
Вложувате додатен напор за да ги решите деловните проблеми и успевате во тоа. Имате потреба да се опуштите со друштвото. Нервите ви се чувствителни па опуштено излегување со пријателите може да влија позитивно на вашето расположение.

ЈАРЕЦ
Состанокот за кој сте се спремале толку долго ќе биде одложен на иницијатива на другата страна. Имате интензивна потреба за присуство на партнерот. Забоболка ќе ве натера да се обратите на стоматолог.

ВОДОЛИЈА
Проблеми пронаоѓате и таму каде што не ги очекувате. За среќа сте инвентивни и ја спасувате деловната ситуација. Во емоционалната сфера владее статус кво. Внимавајте на нервите, поради ситуација на работното место нервите ви се чувствителни.

РИБИ
Денот ќе го поминете максимално посветени на работата. Емоционалната сфера ви е доста важна и инсистирате почесто да се гледате со партнерот. Што се однесува до здравјето, планирајте кратка прошетка или возење велосипед за одржување на кондицијата.

Прегледи:
1067
Објавено на:
23.09.2020