Категории

Кои од 6-те видови на родители на растенија сте вие? – смешни илустрации за љубителите на растенија!

Најмодерна опсесија за младите луѓе се растенијата. Ако сте тажни, земете растение. Ако домот ви изгледа празно, земете растение. Не се чувствувате спремно за семејство, но сакате да се грижите за нешто? РАСТЕНИЕ.

Картунистот и урбаниот фармер H-P Lehkonen ги направи најсмешните илустрации за нас, младите луѓе опседнати со растенија. Тој не’ подели сите, колективно, на 6 вида според тоа какви родители на растенија сме.

1. Гоблин од ѓубрето
„Си пронајдов семе во косата. Немам доволно саксии и не знам кај ми е креветот под сите овие растенија.“

2. Чили, само чили.
„Ако не ме пржи додека го јадам, зошто го растам?“

3. Научникот
„Воздушниот притисок е топ, ПХ вредностите се измерени, но уште треба да работам на воздушната влажност“

4. Сукуленти и само сукуленти.

5. Готвачот
„Душо, оваа тревка ќе оди одлично со моето сирење“

6. Ангелот на смртта
„Дали ставив премногу или премалку вода? Никогаш нема да знам.“

 

Прегледи:
891
Категории:
Хумор
Објавено на:
23.09.2020