Категории

Погледнете ги овие минијатурни керамички ремек дела!

Во ноември 2019, една девојка од Сингапор зела пауза од својата работа како продуцент на филмови, и пошла на соло патување во светскиот главен град на порцеланот – Jingdezhen, Кина.

На тоа патување, таа го пронашла своето омилено хоби – изработка на минијатурни керамички дела. На почеток, креирала Инстаграм профил за да си ја документира својата патека, и да си го следи напредокот. Но, нејзините објави за брзо почнале да добиваат внимание, бидејќи на луѓето навистина им биле слатки нејзините мини креации. Кога се вратила дома, продолжила со ова хоби. It was a journey that led me to discover this wonderful craft.

Како и повеќето држави, и Сингапор помина низ подолг период на седење дома поради пандемијата. Така, оваа девојка подолго време седела дома и имала уште повеќе време да се посвети на своето хоби.

Во декември планира да лансира своја Етси страница со сите мини производи.

 

Прегледи:
558
Категории:
Уметност
Објавено на:
24.09.2020