Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 25 СЕПТЕМВРИ 2020 ГОДИНА

Близнаците ги очекува романтични мигови со партнерот, Лавовите ќе закажат средба со симпатијата а Рибите ќе бидат полни со елан за работа..

ОВЕН
Полека ги привршувате сите обврски за оваа недела и се радувате за претстојниот викенд. Испланирајте викендот да го поминете со партнерот и направете некое изненадување. Кога е здравјето во прашање неопходно е да ја повратите кондицијата.

БИК
Уморни сте од премногу обврски. Фокусирајте се на ситните обврски за да не би имале впечаток дека сте направиле многу нешта одеднаш. На љубовно поле е статус кво, нити вие се огласувате нити другата страна. Што се однесува до здравјето, грлото ви е чувствително.

БЛИЗНАЦИ
Едвај чекате да заврши работната недела. Уморни сте од борба и потребен ви е одмор. Правите планови со партнерот за тоа како ќе го поминете викендот. Главата ви е чувствителна, внимавајте на синусите.

РАК
Вредни сте и сакате да извршите што повеќе обврски до крајот на денот. Емотивно сте незадоволни и планирате викендот да го поминете дома. Обидете се да го подобрите вашиот имунитет.

ЛАВ
Максимално сте фокусирани на обврските без оглед на тоа што е крај на неделата. Размислувате дали да закажете средба со симпатијата или не, но на крајот сепак ќе се одлучите да ја повикате. Во физичка смисла напнатоста попушта но сте преуморени.

ДЕВИЦА
Нестрпливо го чекате крајот на работниот ден. Уморни сте, незадоволни и потребен ви е одмор. Избегнувате да разговарате со партнерот под изговор дека сте премногу зафатени. Исцрпени сте и време е да се посветите на себеси.

ВАГА
Упорно се обидувате да ги извршите сите обврски кои сте ги испланирале. Доколку сакате се да завршите одеднаш, најчесто тоа завршува така што нема да завршите ништо. Организирајте се подобро. Се радувате на плановите кои ги имате направено со партнерот. Бидете внимателни во сообраќајот.

ШКОРПИЈА
Едвај чекате да заврши работниот ден за да се најдете во вашиот дом и на мир да се опуштите. Партнерот сака да се расправа но вие избегнувате. Внимавајте на студените напитоци.

СТРЕЛЕЦ
На последниот ден од неделата вашата енергија полека ве издава, преморни сте од работа. Партнерот предлага викендот да го поминете заедно. Се чувствувате тромо и планирате да го поминете викендот заедно со пријателите и посветувајќи се на некој спорт.

ЈАРЕЦ
Ги извршувате сите работни обврски очекувајќи дека ќе се појават изненадни трошоци. Во однос на партнерот доаѓа до заладување и оддалечување. Во физичк смисла сте мрзеливи, превземете нешто во врска со тоа.

ВОДОЛИЈА
Со многу елан ја привршувате работната недела и посакувате следната да биде уште подобра. Планирате средба со партнерот за која не сте сигурни дека ќе ви годи. На здравствено поле нема значајни случувања.

РИБИ
Ги извршувате сите работни обврски со иста енергија како и на почетокот на работната недела. Емотивно сте незадоволни, не знаете како да ги решите љубовните проблеми. Можни се проблеми со притисокот но минливи.

Прегледи:
989
Објавено на:
25.09.2020