Категории

Дизни принцези одат да психотерапија – еве што би им викал психологот!

Илустраторката од Венецуела, Мариа Гуадарама, е позната на Инстаграм по своите смешни илустрации и куси, хумористични  стрипови.

Таа на многу проблеми од секојдневието, низ илустрациите им пристапува на хумористичен начин. Нејзиниот најнов серијал е подигнување на свеста за менталното здравје, па така, таа овој пат ги носи популарните Дизни принцези на психотерапевт (што, инаку, е розова жирафа). Што им вика психологот на нашите омилени Дизни принцези според Мариа, погледнете подоле.

1. Ариел: Значи, си го промени цел идентитет само за да одговараш на неговиот свет?
Ariel

2. Снежана: Замина да живееш со 7 мажи кои не ги познаваш, и беше отруена од храна што ти ја даде непозната жена. Навистина сум импресиониран од твојот капацитет да веруваш на луѓе.
Snow White

3. Златокоса: 18 години заробена во кула? Сигурно карантинот не ти беше никаков проблем во споредба со тоа.
Rapunzel

4. Елса: Дали навистина го пушти?
Elsa

5. Елса 2: Еј, навистина си го пуштила!
Elsa

6. Пепелашка: Добро, танцувавте неколку саати на забава и сега мислиш дека е љубовта на твојот живот. Ајде да разговараме за тоа.
Cinderella

7. Убавицата: Не е важно колку книги ти подарил, тоа е сепак човекот кој те зароби!
Belle

8. Аурора: Ајде да разговараме за соглаување додека си несвесна.
Aurora

9. Јасмин: Ликот те лажел цело време и сепак ќе се омажиш со него?
Jasmine

10. Мулан: Значи, ја спаси цела Кина за одобрението на татко ти.

Прегледи:
1132
Категории:
Хумор
Објавено на:
25.09.2020